14 годишна невеста во Малезија

Неодамна беше изјавено дека договорениот брак помеѓу 14 годишна девојка и 23 годишен учител „предизвика повик за дебата во врска со бракови на деца“. Според законот на Сиариах во Малезија, кој има надлежност над Муслиманите, сите Муслимани кои имаат под 16 години треба да побараат одобрение од судот Сиариах пред да стапат во брак. Во овој случај, судот ѝ дозволи на двојката да стапи во брак.

Гленда Ларк (Glenda Larke) верува дека брак на дете не е поразличен од педофилија, дури и ако е легален.

14 годишен ученик не е возрасна личност. Таа не е жена, иако нејзиниот менструален циклус е започнат. Таа е се уште дете. Таа се огледува на возрасните. Нејзината религија и култура и кажуваат да ги почитува повозрасните, особено нејзините родители. Таа е наивна и ранлива.

23 годишниот човек кој ја ожени – учен човек, не е некој неписмен кој живее со идејата од 19ти век дека децата треба да работат на 12, а да се стапат во брак  на 14 години- што е чисто и едноставно педофилија.

Б.Џо (B.Joe) мисли дека правата на децата и малолетните лица  не се поддржани од судот Сиариах и од родителите на девојката.

И  најсмешниот дел од сето ова е дека бракот бил одобрен од судот Сиариах- Што се случи со заштитата на малолетните лица? Зошто родителите не можат да чекаат уште неколку години додека малолетното лице биде во можност само да донесува одлуки за себе?

Un: dhimmi исто така верува дека тоа е морално погрешно.

Сите студии покажуваат дека девојките подложни на сексуална активност на таква рана возраст, не само што страдаат од оштетување на нивните репродуктивни системи, туку и од трајна психолошка траума.

Сепак, Физал зазема понеутрален став во врска со оваа прашање.

Во ситуацијата погоре добиено е одобрение од судот Сиариах. Тоа значи дека ние треба да имаме доверба во судиите на судот Сиариах- тие мора да ги земат во предвид сите околности пред  да донесат таква одлука.

Таква одлука, според мене, е донесена со доверба на судиите дека човекот може да се грижи за девојчето и дека девојчето може да расте во добри услови и со грижа на тој маж. Ако судиите се сомневале во тоа ,тие немало да донесат таква одлука.

Така, jас мислам дека прашањето за стапување во брак на муслиманските девојки под 16 години треба да го оставиме да го реши судот Сиариах. Тие знаат кога да одобрат, а кога не.

Но, според мене сѐ уште треба да има отворена дискусија помеѓу Владата и експертите на Сиариах за  да се реши оваа прашање.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.