Што значи јапонскиот Закон за државни тајни за слободата на изразување?

Screenshot courtesy Shingetsu News

Скиншот благодарение на Шингетцу Вести

Јапонскиот контроверзен предлог-закон за државни тајни стана официјален закон во средата, 10ти декември. Законот за државни тајни ги зголемува казните за објавувачите на „државните тајни“.

Според новиот закон, вработените во државните институции кои објавиле информации кои се класифицирани како државни тајни можат да бидат осудени на казна затвор до 10 години, a тие што им помогнале – до 5 години. Критичарите стравуваат дека овој закон ќе ги загрози новинарите и watchdog (вочдог) организациите, правејќи застрашувачки ефект кој би можел да ги одврати од извршувањето на нивната работа. Минатата година во Токио, избувнаа масовни протести каде групи на новинари и граѓанското општество ја изразија својата генерална спротиставеност кон законот.

Во интервју со СНА Јапонија, професор Лоренс Репета од jапонскиот Меиџи Универзитет објаснува некои од импликациите по човековите права од новиот закон:

Новиот закон предвидува строги казни за државните службеници и било кој, што ќе објави информации кои се обележани како тајни, вели Репета во интервјуто со СНА Јапонија. Тој предвидува дека ова „очигледно [ќе] има ефект на државните службеници кога ќе одлучуваат за кои информации може да се зборува кога ќе дискутираат за постапките на владата и законите“.

Репета исто така објаснува дека законот не прави исклучоци во однос на информаторите (whistleblowers). Со други зборови, доколку официјално лице објави нелегални активности или злоупотреба на моќ од владини претставници со цел заштита на јавниот интерес, тој/таа нема да добие никаква посебна заштита.

Како истакнат правен научник, кој екстензивно пишува за јапонскиот правен систем во контекст на пристап до информации, државни тајни и слободата на говорот, анализата на Лоренс Репета на јапонскиот Закон за државни тајни од 2013 можете да ја прочитате овде (анг).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.