Проблемите на јавниот превоз во Југоисточна Азија низ фотографии

Despite Thai laws requiring mandatory wearing of crash helmets, both rider and passenger appears to flout the law. Photo by Matthew Richards, Copyright @Demotix (10/6/2012)

Без оглед на тајландските закони кои бараат задолжително носење кацига, и возачот и сопатникот ги игнорираат истите. Фотографија на Метју Ричардс, издавачки права @Demotix (10/6/2012)

Пред неколку недели, Глобај Војсис објави вирална фотографија на жена од Виетнам како вози скутер без кацига додека со неа патува и дете. Еден од коментарите на фотографијата беше дека тоа ја рефлектира реалната ситуација на улиците во Виетнам. Навистина, често може да се забележат возачи на мотори без кациги не само во Ханој, туку и во други градови во Виетнам.

Но, овој спектакл не е ограничен само на Виетнам. Доколку пропатуваме низ други градови во Југоисточна Азија, можеме да пронајдеме слични примери на прекршување на сообраќајните правила.

Фотографијата над написов покажува уште еден возач на скутер без кацига, но овојпат, тоа се случува во Тајланд.

Строга примена на сообраќајните закони е неопходна за заштита на јавната безбедност. Но, често можеме да видиме луѓе, вклучително и деца, како се возат со моторни возила кои претставуваат ризик по нивните животи. Тие се цврст потсетник за неадекватните и неефикасните превозни системи во многу држави од Југоисточна Азија. Погледнете ги фотографиите подолу:

Thai schoolchildren pictured as they ride home on the roof of a crowded truck. Photo by Matthew Richards, Copyright @Demotix (7/18/2013)

Тајландски деца се враќаат дома од училиште на кровот на преполнет автобус. Фотографија на Метју Ричардс, издавачки права @Demotix (7/18/2013)

Патувањето низ Камбоџа може да биде многу тешко, особено во северо-источниот дел:

Photo from @billherod

Фотографија на @billherod

Индонезиските возови можат да бидат пренатрупани за време на шпицот во сообраќајот:

Train passengers in Jakarta sit on the roof carriage, side windows and between carriages. Photo by wisnu agung prasetyo, Copyright @Demotix, (9/29/2010)

Патници со воз во Џакарта седат на кровот на вагон, страничните прозорци и помеѓу вагоните. Фотографија на Вишу Агунг Прасетјо, издавачки права @Demotix, (9/29/2010)

Модифицирани џипови на армијата на САД ги транспортираат луѓето и стоките на Филипините, дури и откако се веќе пренатрупани:

Џипчињата овде во провинциите се како … pic.twitter.com/xSThHDuxP7

— Алиса Абордо (@AlyssaAbordo_) 13ти април, 2014

Во Мјанмар, писателот Џејсон Сзеп го испитува прастариот транспортен систем на оваа држава:

Повеќето возила, на пример, се со управувач од десната страна, потсетување на британскиот колонијализам. Сепак на патиштата сообраќајот се одвива по десната страна, слично на американскиот систем, што ја намалува видливоста и ги држи возачите во постојана состојба на готовност.

Со приближувањето на економската интеграција на југоисточните азиски држави во 2015, тие исто така мораат да ги ревидираат и транспортните ситеми за да промовираат локален развој, продуктивност, и најважно, да ја штитат безбедноста на нивните граѓани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.