Либан во очите на иранскиот фото-блогер

Мохмад Реза Хасини е професионален ирански фотограф и фото-блогер кој од 2009 година живее и работи во Либан. Неговиот фото-блог во Либан служи како извор на информации поврзани со Иран, од неодамнешната посета на претседателот Махмуд Ахмадинеџад па сè до информации за изложби и концерти на ирански музичари.

Чекајќи го Махмуд

Во октомври, посетата на Махмуд Ахмадинеџад во Либан само го зацврсти влијанието што Иран го има врз Либан.

Слушајќи го златниот глас

Во август 2010 година, најпознатиот ирански пејач- демонстрант, Мохмад Реза Шајаријан одржа концерт во „Беит ал Дине“ во Либан.

Живописни слики

Сликите од овој ирански фото-блогер не се посветени само на познатите личности, туку честопати опфаќаат и моменти од секојдневието.

Посетете го блогот на http://mohammadrezahassani.com. Сите авторски фотографии од Мохмад Реза Хасини се употребени со претходно добиено одобрение.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.