Интел го затвори нивниот форум за девелопери на руски јазик

Images edited by Kevin Rothrock.

Фотографии уредени од Кевин Ротрок.

Американската технолошка корпорација Интел ги затвори нивните популарни форуми за девелопери на руски јазик, одненадеж прекинувајќи го блогирањето и коментирањето на руски јазик на нивната платформа. Руските девелопери се уште се добредојдени на форумите на Интел на англиски јазик, кои се хостирани во странство и на веб-сајтови на трети лица (како руската онлајн тхнолошка заедница Habrahabr). Од Интел велат дека немаат планови за затворање на заедниците на руски јазик во Интел образовната галаксија и Интел IT галаксијата.

Зошто Интел, еден од најголемите светски производители на полупроводнички чипови, микропроцесори и друг компјутерски хардвер, одлучи така за нивниот форум за девелопери на руски?

Според извештаите, Интел се штити себеси од неусогласеност со рускиот контроверзен закон за блогирање, кој стапи на сила на 1 август, 2014, со кој блогерите кои се здобиваат со повеќе од 3.000 дневни посети подлежат на истите правила како и традиционалните медиуми.

Законот, кој наводно ја регулира работата на 369 блогови досега кои се официјално додадени во официјалниот регистар на владата, се чини дека има широк „оладувачки“ ефект. Новите блогерски регулативи се влошени од другите интернет легислативи, како што е законот за локализација на податоците кој ќе стапи на сила во септември оваа година. Законот бара од интернет компаниите кои работат на територија на Русија да ги чуваат корисничките податоци на руските корисници внатре во територијата на Руската федерација. Комбинираниот ефект на овие нови, построги интернет регулативи, веќе на сила како и во најава, го поттикнаа рускиот интернет гуру Антон Носик да го најави доаѓањето на „крајот“ на социјалните сервиси од САД како Фејсбук, Твитер и Гугл во Русија.

Одлуката на Интел би можела да креира важен преседан. Пратениците и полицијата велат дека законот за блогери е напор на владата да се подобри квалитетот на руските „нови масовни медиуми“, но затворањето на Интеловиот форум за девелопери на руски ни покажува колку лесно можат таквите интернет регулативи да се прелеат во останати, навидум едноставни, веб активности.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.