Холандија: Мип Гис, жената која ѝ помагаше на Ана Франк, умре на стогодишна возраст

Мип Гис со сопругот Јан до вратата на библиотеката која го прикриваше тајното скривалиште, сликани околу 1998

Мип Гис со сопругот Јан до вратата на библиотеката која го прикриваше тајното скривалиште, сликани околу 1998

Мип Гис, последната преживеана членка на групата која ѝ помагаше на Ана Франк и нејзиното еврејско семејство да го избегнат заробувањето во Холандија за време на Втората Светска Војна, почина на 12-ти јануари на стогодишна возраст, јавува Би Би Си.

Дневникот на Ана Франк продолжува да е едно од најзначајните лични записи од периодот на Холокаустот. Мип Гис беше таа што го спаси дневникот на Ана Франк, кога едно семејство кое беше депортирано во концентрационен логор го оддаде тајното скривалиште.

Би Би Си наведува од веб локацијата на Мип Гис:

Мип Гис почина вечерта на 11-ти јануари по кратко боледување. Го имаше наполнато стотиот реденден.

Холандските медиуми ја соопштија веста, но со задоцнување. Радио станицата NOS како извор на веста ја наведува Би Би Си со закаснување од еден час.

На Twitter беа збунети. Jetteke69 [холандски] во својата објава вели:

Op Wikipedia wordt gezegd dat Miep Gies is overleden. Heeft iemand daar al een bron voor? #miepgies

Википедија наведува дека Мип Гис почина. Дали некој има сигурен извор за веста? #miepgies

hood1409 [холандски] вели:

waarom weten ze het in t buitenland eerder dan hier #miepgies

Kако е можно веста да ја добијат прво странските земји? #miepgies

Се чини дека не сите во Холандија знаеја која е Мип Гис. RicksRommelhok [холандски] пишува:

..Miep Gies….nooooit van gehoord… #gemistefeiten

..Мип Гис …. никогаш не сум слушнал за неа … #missedfacts

Но, Мип Гис дефинитивно имаше здобиено меѓународна слава и почитување, како што ни покажува оваа низа на твитови на NathanWurtzel од САД:

Твит (Tweet) 1: Се обидувам да најдам зборови достојни за Мип Гис. Но, не сум сигурен дека можам.

Твит 2: Ни случајно не можам да замислам како беше во окупирана Европа. Ни случајно ме можам да замислам како е да живееш со постојан страв од заробување.

Твит 3: Мип Гис не мораше да направи ништо. Беше службеничка во претпријатието за мирудии на Ото Франк, но едноставно можеше да се сложи со ситуацијата за да биде сѐ во ред.

Твит 4: Казната за помагање на Евреи беше од 6 месеци во концентрационен логор до стрелање на лице место. Никој не остануваше неказнет.

Твит 5: На Ги ѝ се закануваше депортирање во концентрационен логор, бидејќи одби да се приклучи во женското нацистичко здружение.

Твит 6: Мип Гис не само што го прехрануваше семејството Франк и други бегалци изложувајќи се на огромна опасност, туку го зачува и дневникот на Ана Франк.

Твит 7: Кога ја запрашаа за херојските напори, рече дека едноставно беше една од многуте Холанѓани кои го правеа истото…а можеби и повеќе.

Твит 8: Како да ѝ се заблагодариш на Мип Гис?

Твит 9: Изгледа толку несоодветно.

Твит 10: Сметам дека единствениот начин да ѝ се заблагодариме на Мип Гис е да го следиме нејзиниот пример; секој од нас да прави онолку колку што може.

Фотографии и слики од веб локацијата на Мип Гис

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.