Данска: Конечно, Прeмиерот свикува избори

Данскиот министер Ларс Лоќе Расмунсен, денеска конечно ги ослободи Данците од неизвесност повикувајќи на парламентарни избори: големиот ден е веќе за три недели, на 15 септември.

Соопштението беше олеснување за многу. Веќе во пролетта почнаа да кружат гласини дека изборите се зад аголот, и дури некои од данските медиуми предвидеа дека ќе се случат пред летните празници (данскиот парламент официјално е на одмор од средината на јуни до првиот вторник на октомври). Последната недела пред соопштението за изборите беше карактеризирана со нетрпеливост, а данските нетизени се изразија преку хумористични онлајн изјави.

Никогаш повеќе нема да има избори

Страната Тумблр „никогашповеќенемадаимаизбори!”( derbliveraldrigvalgever.tumblr.com) беше направена пред неколку недели и сега е исполнета со примери за манипулативните реклами, слики и снимки, тврдејќи со саркастичен тон дека изборите никогаш нема да дојдат. Едно од попознатите делови е изменетата верзија на обраќањето на премиерот за Нова Година: „Ние мора да имаме избори. Ова е напишано во Уставот. Но, јас ви гарантирам дека тоа никогаш нема да се случи,” премиерот кажува со службен тон. Страната Тумблр сега има приближно околу 3,700 фанови на Фејсбук.

од Кристијан Пантон

Снимка од екранот на Изборното копче

Друга популарна направа, „Изборното копче” (valgknappen.dk)  порано ова недела беше создадено од студент по компјутерска наука Кристијан Пантон. Тоа е едноставна страница со едно копче и краток текст: „27,152 Данци веќе го имаат притиснато изборното копче. Сега само чекаме на Ларс Лоќе Расмунсен.“

 

Сегашната влада стапи на власт во 2001 и беше повторно избрана по трет пат на последните избори во 2007.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.