Русија: Последни зборови пред предизборниот молк

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Изборите во Русија во 2011 година.

Интернетот го направи за руската опозиција тоа што со бескрајните преговори неможеше да се постигне за речиси цела декада: донесување на едногласна одлука за тоа за кого да се гласа. Или да бидеме поконкретни, за кого да не се гласа.

Изгледа дека преку дигиталните дискусии на прашањето дали да се гласа или не на парламентарните избори на  4 декември 2011 год., (видете детална анализа на изборните можности дискутирани од страна на блогерите), корисниците на крајот ја избраа можноста што ја предложи блогерот и антикорупцискиот активист Алексеј Навални, неодамна избран од страна на списанието Надворешна политика каде се најде на #24 место во листата на Глобални мислители за 2011 година: да се гласа за било која друга партија освен за Обединета Русија на премиерот Владимир Путин.

Прашањето што се поставува е за кого да гласаме тогаш? Постојат најразлични одговори.

A cartoon comparing a ballot box to a paper shredder, highlights the common distrust towards the election. Illustration by SphinxTheGeek on Flickr (CC BY 2.0).

Карикатура во која се споредува гласачка кутија со шредер, ја истакнува општата недоверба пред изборите. Илустрација на SphinxTheGeek на Фликр (CC BY 2.0).

Петок, 2 декември, е последниот ден кога кампањата е легална. Блогерите ги поделија нивните размислувања за претстојните избори и нивните избирачки планови.

Популарниот блогер Drugoi:

Иными словами, в стране создана работающая на нефтяной трубе модель полицейского государства, погрязшего в коррупции и воровстве, с самой примитивной, тоталитарного характера политической системой — «одно государство — одна партия». Я наблюдаю за этим уже несколько лет и настал такой подходящий момент, когда можно хоть как-то выразить своё отношение к тому, что получилось у правящего режима.

Поэтому, я пойду на эти выборы и проголосую. Не «за», а «против», т.е. отдам голос любой другой партии, кроме «Единой России». Другого выбора мне не оставили. Остаться дома или испортить бюллетень, значит сыграть на руку жуликам и ворам и потерять возможность в дальнейшем судить о происходящем в стране. Это моё маленькое право и большой гражданский долг. Присоединяйтесь!

Со други зборови, во нашата држава тие создадоа модел на полициска држава која функционира со помош на нафтените цевки и која е заглавена во корупција и крадење, со најпримитивниот, тоталитарен политички систем „една држава – една партија“. Веќе со години го набљудувам ова и сметам дека дојде соодветниот момент кога постои можност некако да го искажам мојот став за тоа што произлезе од владеачкиот режим.

Ова е затоа што овој пат ќе излезам да гласам. Не „за“ туку  „против“ – ќе го дадам мојот глас на било која друга партија освен Обединета Русија. Не ми оставија друг избор. Да останам дома или да се потроши избирачкиот лист ќе значи дека гласаме за измамници и крадци и со тоа да ја изгубиме шансата да поминат без критика за тоа што се случува во државата. Ова е мое мало право и голема граѓанска одговорност. Придружете ми се!

Михаил Задорнов, анти – американски комичар, предложи да се гласа за комунистите:

Но если коммунисты наберут более, чем раньше голосов в Думе, они всё-таки смогут противостоять тем, кто чувствует себя сегодня неприкосновенным. А потому вовсе потерял совесть. Россия с её практически однопартийной чиновничьей системой – это конец света в одной отдельно взятой стране.

Но, ако комунистите добијат повеќе гласови од претходно […],тие ќе бидат способни да им се спротистават на оние кои себеси се сметаат за недопирливи. Оние кои станаа бесрамни поради тоа. Русија со нејзиниот практичен еднопартиски систем – претставува крај на светот за оваа држава.

Кирил Рогов, новинар, верува дека Праведна Русија треба да биде единствениот избор на гласачите:

главное, что надо понимать про предстоящее голосование, это то, что власти Российской Федерации находятся за границами правового поля. […] Они не заботятся правдоподобными (соответствующими закону) объяснениями своих действий. Они выдумывают от балды поводы наезда на “Голос”. Они гонят наблюдателей. Мэр Москвы смело говорит, что ему нечего стеснятся того, что мэрия и партия – одно. Пусть не стесняется, но мы помним, что это не соответствует Конституции. И что мэр находится вне закона.

Это понимание – самое важное. И оно есть ответ, нужно ли идти на выборы. Нужно. Но не как на выборы. На избирательные участки, мне кажется, нужно идти как на митинг. Чтобы показать свое фэ или хэ.

Најважното нешто што секој треба да го разбере за претстојните избори е дека властите на руската федерација се надвор од легалното поле […] Тие не се грижат да даваат убедливи (прифатливи) објаснувања за делата што ги преземаат. Тие измислуваат произволни причини за напад на „голос“ [здружение за надгледување на изборите, повеќе за сегашната ситуација ќе најдете тука]. Тие ги бркаат набљудувачите. Градоначалникот на Москва храбро изјави дека тој не се срами од фактот дека канцеларијата на градоначалникот и на  партијата – е еден и исти субјект. Да ги оствиме да не бидат засрамени, но да знаат дека тоа не е конституционално. И дека градоначалникот е одметник.

Ова размислување е едно од најважните. И тоа е одговор [на прашањето] дали треба да гласаме или не. Треба. Но, не треба да гледаме на тоа како на избори. Мислам дека треба да отидиме до избирачките единици, како да одиме на бунт. Да го покажеме нашето незадоволство.

Секако, постојат и блогери кои повикаа да се гласа за Обединета Русија. Роберт Шлегел еден од најмладите пратеници во парламентот на фракцијата на Обединета Русија во Дума, исто така упати совет до гласачите. Промотивниот клип на партијата го креативно го киднапираше слоганот „партија на измамници и крадци“ што се однесува на Обединета Русија. Видеото насловено „Гласајте за партијата на измамници и крадци“ сугерира дека слоганот не ја одразува реалноста, бидејќи Обединета Русија направи многу за државата :

Меѓутоа, подоцна, несигурен за успехот на неговата пост-модернистичка идеја, Шлегел напиша :

Хм. Какой там говорите лучший сервис для поиска новой работы? :))))

Хм. Според вас кој е најдобриот начин за барање на нова работа? :))))

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Изборите во Русија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.