Сингапур: Љубителите на животни се мобилизираат да помогнат на кучиња-скитници

Откако глутница кучиња-скитници изгребале и изгризале еден џогер на 14 декември 2011 во нов парк во Пунгол во Сингапур, Управата за земјоделие, храна и ветерина (АВА) ги зголеми напорите да се фатат кучињата-скитници од таа област. Биле фатени скоро 30 кучиња. Четири од нив се проценети премногу агресивни и убиени.

Од тогаш, сингапурските љубители на животни се мобилизираа, поставувајќи страница на Фејсбук со апел до пратеничката од Пасир Рис-Пунгол, г-а Пени Лоу, како и до АВА да запрат со убивањето.

Постојат многу начини на кои можеме значително да ја намалиме популацијата на бездомни животни. Активно обесхрабрување на луѓето да ги напуштаат животните. Дозволување луѓето да вдомат животни во становите. Поддршка и охрабрување на стерилизација на животните. Сите овие решенија би биле подобри од убивање на десетици илјади бездомни животни под маската на ’јавна безбедност‘.

Волонтери исто така почнаа да спасуваат кучиња од убивање, објавувајќи нивни фотографии преку групата со цел да се најдат згрижувачи или посвоители.

Едно од спасените кучиња на кое му треба дом. (Слика од Хок Кат Вајс на Фејсбук).

Едно од спасените кучиња на кое му треба дом. (Слика од Хок Кат Вајс на Фејсбук).

Хаслинда се надева дека оваа епизода нема да ги одврати луѓето да ја посетуваат областа:

Оние кои го посетуваат местово можеби неколку пати виделе кучиња-скитници. Се надевам дека вестите не одвратиле никој што имал намера да го посети местото. Би сакала да укажам на неколку локации на кои имам видено кучиња. Така нема да се изненадите ако видите некое. Тие не напаѓаат никого без причина.

@jolantru блогираше за нејзиното противење на убивањето скитници:

…гледањето како ги уништуваат боли. Личи како на времето со САРС-от. Јас го посвоив Мјау, маче што го најдов на улица тој судбоносен ден и тој е со мене сега, како здрав и многу мил мачор. Љубителите на мачки беа шокирани и навредени од сеопштото убивање. Можеби АВА само си ја врши работата, но убивањето не е вистинскиот одговор.

Арно ама, АВА се повика на потребата да се осигура сигурноста на Сингапурците, како и да се контролира и спречи ширењето на беснило.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.