Графити во Техеран

Иран не е познат по слобода на изразување или јавни демонстрации. Меѓутоа, урбаната уметност таму е се уште жива.

Фрески, мозаици и други „одобрени“ уметности кои ги красат ѕидовите во некои градови, но и андерграунд уметноста, не толку очигледна колку во Европа, постои и во Техеран: графити, тагови или матрици се дискретно или јавно присутни во градовите.

Некои ѕидови се комплетно покриени со пропагирачки слики (на маченик на пример). Но, ова исто може да биде апстракна слика едноставно украсна. Некои се вистински уметнички дела.

Пред неколку недели, фотограф од Техеран ги испрати овие слики преку електронска пошта; тој ја приложи оваа забелешка:

Го сликав ова во Техеран близу автобуска станица. Мислам дека некој се бори со општината во Техеран. Еден ден, тој или таа, црта графит, а другиот ден општината го брише. И ова продолжува така.

Графит во Техеран. Фотографија: Мелинда Легендре

Графит во Техеран, ноември, 2012. Фотографија: Иса

Графит во Техеран, ноември 2012. Фотографија: Иса

Три седмици подоцна, кога му побарав дозвола да го цитирам и да ги објавам неговите фотографии, тој рече дека би му било чест и сакаше да додаде:

Сега тие насликаа нешто како цртеж или шема на ѕидот за да го спречат оној кој цртал графити. Но, пред тоа овој ѕид беше навистина валкан. Сега барем не е валкан. Па непријателот од општината сега им е пријател на луѓето затоа што ѕидот веќе не е валкан.

Оние кои се изразуваат во Иран се под поголем ризик за разлика од оние во Европа. Моментално во Иран не постои закон, но ако властите ја сметаат работата како разорна, во тој случај уметноста може да стане кривично дело.

Уличната уметност само што почна да изникнува во Иран. Да се надеваме дека ќе напредува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.