Нашите гласови: Хуан Тадео во Мексико

Our Contributor in México, Juan Tadeo.

Нашиот дописник во Мексико, Хуан Тадео.

Роден во Мексико Сити во 1980те, Хуан Тадео дипломираше на Националниот автономен универзитет од Мексико (Universidad Nacional Autónoma de México) во 2009 со диплома по право. На неговиот блог, основан во август 2009, Хуан го извршува своето право на слобода на изразување, пишувајќи за теми кои варираат од правда, политика и транспарентност до музика и фудбал.

Како придонесувач кон Глобал Војсес од 2011, неодамнешното известување на Хуан беше фокусирано на исчезнатите студенти од Aјоцинапа.

Глобал Војсес (ГВ): Како ти се поврза со Глобал Војсес?

Хуан Тадео (ХT): Тоа беше пред речиси четири години, во почетокот на 2011, кога се запознав со поранешниот регионален уредник, Силвиа Вињас. Научив доста од неа.

Јас дознав за постоењето на Глобал Војсес неколку месеци пред тоа, затоа што еден од авторите во тоа време го цитираше мојот блог во статија за насилството, расизмот, и дискриминацијата коишто постојат на северната граница од Мексико, тоа е, границата со Соединетите Држави. Јас бев задоволен што бев цитиран, и бев воодушевен гледајќи како извадок од мојот пост е преведен на неколку јазици во рок од неколку недели.

ГВ: Што најмногу сакаш во врска со волонтирањето за ГВ?

ХT: Мислам дека е фасцинантно да се има можноста да се соработува со платформа која ги пренесува локалните статии во сите делови од светот. На Глобал Војсес, луѓето можат да прочитаат за настаните во мојата земја на нивниот сопствен јазик (англиски, француски, италијански, есперанто и многу други). Како и да е, јас сакам да креирам содржина на шпански, пред таа да биде преведена. Го правам тоа затоа што, според моето мислење, не е лесно да се најдат места надвор од вообичаените медиуми кои се непристрасни, сигурни и регуларно надоградувани, а се напишани на шпански.

ГВ: Која е статијата што најмногу те импресионирала и зошто?

ХT: Сите статии за неказнето насилство кои го погодуваат Мексико ме навредуваат, придвижуваат и ме растажуваат. Секогаш кога пишувам за исчезнати луѓе, или за откривањето на скриени гробови, или некои други страшни прашања, чувствувам дека [Мексико] се оддалечува од мирот и правдата кои го карактеризираат најголемиот дел од остатокот од светот. Историјата на масакрот од Кадерејта и мрачните факти од Ајоцинапа се особено цврсти примери за овој феномен.

Други статии од сосема поинаква природа беа исто така тешки за мене, како на пример кога пишував во септември 2014 за смртта на Густаво Серати, талентиран музичар на кој му се восхитував долги години.

ГВ: Што научи за граѓанското новинарство?

ХT: Тоа ми помогна да бидам покритичен од вообичаеното новинарство – да забележувам кога таква работа е извршена лошо и да разберам зошто.

Во Мексико, овој проблем е посебно истакнат затоа што компаниите кои ги контролираат медиумите и нудат на јавноста лоши производи, очигледно со цел да им угодат на моќните, кои тие ги претставуваат.

Како резултат на тоа, јас научив дека многупати (не секогаш, за жал) работата извршена од граѓанското новинарство е посебна и екстремно вредна, иако повеќето луѓе, барем во Мексико, допрва ќе ја ценат.

ГВ: Што треба да направат социјалните медиуми во оваа ера на масовно учество на граѓаните и онлајн социјалните мрежи?

ХT: Мислам дека тие треба да им посветат внимание на поединците кои станале свесни и бараат квалитет и тематски содржини. Некои глобални медиуми почнаа да го прават тоа бидејќи знаат дека бројот на луѓе кои бараат почит за нивните права како гледачи и потрошувачи се зголемува со бавно, но стабилно темпо.

Во мојата земја, тоа темпо е побавно отколку во повеќето земји. Голем дел од населението е среќно со статусот кво на медиумите, каде „вестите“ се фокусираат на гласини во забавниот свет, и емитуваат фаворизирани вулгарни комедии и неуспешни американски филмови од 1990те – формула која функционираше прилично добро за големите мрежи. Како и да е, постои постепено зголемен број на луѓе кои ги исклучуваат телевизорите. Кога ги гледаат вестите, тие проверуваат различни извори – и локални и глобални – пред да донесат свој заклучок. Тоа се тие луѓе кои ја задоволуваат нивната жед за информации свртувајќи се кон интересните, алтернативни гласила кои се наоѓаат во граѓанското новинарство.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.