Јордан: Ослободете го Тахир Насар!

Набљудувачите на човекови права објавија претходно во декември дека Тахир Насар, адвокат и поранешен парламентарен кандидат, бил уапсен и притворен во јорданскиот затвор поради „разгорување на секташки судири“. Навредата поради која бил казнет Насар бил всушност неговиот изборен манифест во кој ја истакнал дискриминацијата против Јорданците со палестинско потекло. Насар, од Русаифа, загуби на изборите на 9 ноември во избирачката област на Зарга. Според Набљудувачите на човекови права, тој бил затворен на 27 ноември, откако интернационалните избирачки надгледувачи го напуштиле Јордан.

Насем Таравнах одговори:

Еве едно прашање што моли за одговор, а е во врска со последните настани: ако некој повикува на крај на дискриминацијата помеѓу граѓаните и тврди дека сите граѓани треба да бидат исти, право што е гарантирано со уставот на земјата, зошто овој човек се обидувал да разгори секташки судир? Толку ли е едноставно да се зборува за дискриминацијата и проблемот за идентитетот, а во исто време да се разгорат секташки судири? Дали чиста дискусија на оваа тема се квалификува како криминал?

Зошто секој обид да се справи со ова прашање се смета дека е поттикнат од страна на државата? Зошто, дури и во избори каде материјалот на кандидатот треба да е предмет на јавна расправа, ние го задушуваме секое мислење со кое се тврди дека имаме проблем со идентитетот? Притоа, дали државата не автоматски демонстрира дека ние навистина имаме проблем со ова прашање?

Надим коментираше во одговор на статијата на Насем:

објави го ова на арапски и ќе се најдеш заспан во истата ќелија

На Твитер, релативно мал број на Јорданци одговорија на написот и твитот на ХРВ. Еден кој што одговори беше Јанал кој објави:

Скоро да нема повторни твитови на тема @hrw во врска со #JO од страна на јорданците! Никој! Секој кој повикуваше на еднаквост беше затворен и ова може на многумина да им се случи!

Група на Фејсбук беше основана со цел подршка на Тахир Насар и до 20 декември имаше
49 членови. На страницата со информации за групата стои:

هذه الصفحة مخصصة للمطالبة بالافراج عن
المرشح السابق لعضوية مجلس النواب السادس عشر
. :: المحامي طاهر نصار :: .

Оваа страна е креирана со цел да бара да се ослободи поранешниот кандидат за Шеснаесетиот долен дом на парламентот, адвокатот Тахир Насар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.