Западните Папуанци бараат правда за младите демонстранти убиени од индонезиска полиција

West Papuan students in Java held a protest last month to condemn the killing of Papuan children by the Indonesian police. Photo from Facebook page of Free West Papua Campaign.

Ученици од Западна Папуа минатион месец одржаа протест во Јава поради убивањето на папуанските деца од страна на индонезиската полиција. Фотографијата е превземена од Фејсбук страницата на Слободната кампања на Западна Папуа.

 

Активисти и поборници за независноста на Западна Папуа бараат правда за убивањето на младите цивили од страна на индонезиската полиција претходниот месец.

На 8 декември, 2014, во областа Паниаи, индонезиски безбедносни сили наводно отвориле оган на околу 800 мирни демонстранти, вклучувајки жени и деца. Протестот беше реакција на веста дека полицијата претепала неколку деца од Папуа претходната вечер. Петмина беа убиени и уште 17 беа повредени, според  извештај Human Rights Watch, кој вели дека прекршувањето на човековите права не е невообичаена појава таму:

Пукањето на 8 декември е одличен пример за честите прекршувања на човековите права кои безбедносните сили ги извршуваат во Папуа, екстремниот исток на индонезискиот архипелаг. Во текот на последните 15 години, Human Rights Watch документираше стотици случаи во кои полицијата, војската, разузнавачите или затворските чувари употребиле непотребна или прекумерна сила на Папуанците за време на протести. Иако на повеќето од воените лица вмешани во немилите настани им беше судено, тужбите беа одбиени и војниците си ја задржаа својата работа. 

Анексијата на Западна Папуа, древна меланезиска земја богата со минерали, од страна на индонезискиот воен режим во 1960 предизвика иселување, тешкотии и смрт кај домородното население. И покрај очигледните прекршувања на човековите права и институционализираното потиснување на локалната култура, колонизаторите не можеа да ја уништат папуанската решителност и желба за независност.

Бени Венда, протеран лидер на западно папуанската борба за независност кој сега живее во Велика Британија, го осуди убивањето на цивили: 

„Обвинети сме за насилство кое не го создадовме и прогонувани сме за изразување на нашата желба за слобода.“… http://t.co/NmDn4AaUXp

— Benny Wenda (@BennyWenda) 9 јануари, 2015

На неговата веб-страница, Венда ги обвини индонезиските вооружени сили за извршување бруталности во Тимика, Западна Папуа:

Згрозен сум од фактот дека такво полициско варварство кон еден невин и беспомошен народ може да помине незабележано и покрај тоа што се случува до најголемиот рудник за злато во светот- индонезискиот најголем даночен обврзник.

На Твитер, неколкумина ги коментираа страдањата на жителите на Западна Папуа:

Ако некогаш сте изгубиле некој сакан помислете си на луѓето од Западна Папуа кои секојдневно се соочуваат со  убиства, силувања и мачење од страна на нехуманата TNI.

— Anthony Craig (@justicehealth) 3 февруари, 2015

Значи никој нема да зборува за Западна Папуа? #Genocide — Amen  Oyiboke (@Amen2dat) 2 февруари, 2015

#WestPapua не е војна, ниту конфликт, туку  #OCCUPATION, и заслужува подршка од целиот свет. 

— non quis sed quid (@PurePapua) 2 февруари, 2015

Ситуацијата во #WestPapua не се подобри во 2014 – продолжи злоупотребата на човековите права. Бизнисот си тече како и секогаш на чело со Јокови  http://t.co/JO9D0L3u96

— Jen Robinson (@suigenerisjen) 19 јануари, 2015

Индонезиската влада вети дека ќе ги истражи убиствата. Истрагата за човековите права ќе објави извештај поврзан со инцидентот. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.