Еден едноставен инфографик за подобро разбирање на репресијата во Тајланд

Infographic published by Prachatai, used with permission

Визуелизација од Prachatai, искористена со дозвола.

Горната слика, создадена од независната веб-страница за вести, Prachatai, ни ја прикажува моменталната ситуација во Тајланд, каде армијата е на власт после државниот удар претходната година.

Војската на Тајланд, предводена од генералот Прајут Чаон-Ча, во мај ја превзеде власта со државен удар, прогласувајќи воена состојба во целата држава. Војската исто така го суспендираше уставот, ги притвори политичките лидери, започна строго да ги контролира медиумите и забрани било каков протест.

Војската тврдеше дека државниот удар бил неопходен за да се обнови стабилноста на државата и да се стави крај на интензивните улични судири меѓу различните полициски сили. Армијата вети дека ќе ја врати власта на цивилите, но после неколку политички и изборни реформи.

Привремен устав беше прифатен претходниот август, а потоа беа назначени цивилни државни органи подржувани од војската, на чиешто чело стои генералот Прајут, сегашниот премиер на државата. Беше воспоставено и законодавно тело, иако сите негови членови беа одбрани од војската.

Уште од првиот ден на државниот удар, тајландските активисти се спротивставуваа на диктатурата на војската. Обичните граѓани исто така се приклучија во борбата за враќање на изборите и другите демократски права. Хунтата одговори со притварање на демонстрантите и подложување на критичарите на третман за „подобрување на однесувањето“. 

Но, луѓето од Тајланд најдоа креативни начини за изразување на своето незадоволство. Бидејќи јавни собири на пет или повеќе луќе се забранети, индивидуални демонстранти суптилно ги пренесуваа своите мислења, читајќи го романот 1984 од Џорџ Орвел во воз, имитирајќи го поздравот со три прсти од филмот Игри на гладот (Hunger Games), и свирејќи ја химната на Франција. 

Сликата на Prachatai набројува неколку од безопасните активности кои власта ги забранила во текот на последните девет месеци. Луѓето кои ги извршиле овие дела биле притворени за „нарушување на тајландската национална безбедност“. Паранојата на хунтата е доста длабока.

  1. Држење празен А4 лист или А4 лист со пораки против војската
  2. Покривање на лицето, очите или устата
  3. Помагање на уапсените демонстранти
  4. Држење на маица со натпис „Мир, ве молам“.
  5. Имитирање на поздравот со три прсти од Игри на гладот
  6. Собири во Мек Доналдс
  7. Читање на романот 1984 од Џорџ Орвел
  8. Јадење сендвичи во јавност
  9. Свирење на француската химна
  10. Носење на црвена маица додека продаваш пржена лигња
  11. Јавно несогласување со државниот удар
  12. Носење на маска од „човек“
  13. Носење на маица со натпис „Почитувајте го мојот глас“
  14. Било каков допир со новинари 
  15. Барање демократија 
  16. Држење плакати со натпис „Држењето плакати не е криминал“
  17. Постирање на слика против војската и воениот режим на Фејсбук
  18. Одржување академски семинари за политичката ситуација
  19. Собирање на луѓе за гледање на премиерата на третиот дел на Игри на гладот
  20. Делење ливчиња со поема за демократија
  21. Поздравување на Прајут со три прста
  22. Продавање на овошни производи со лицето на поранешниот премиер како лого.

Според Prachatai, непочитувањето на правата за слобода на говор од страна на војската уште повеќе ја оттуѓи јавноста од режимот:

Иако акциите против хунтата резултираа во заплашување, апсење и тужби од војската, драконските мерки на армијата за поттиснување на луѓето кои ги бараат само своите основни права уште повеќе ги оттуѓуваат луѓето од режимот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.