Палестина и оддава почит на Кајла Милер, заробеничката на ИСИС убиена во Рака

CNN announces that the US has confirmed that ISIS captive Kayla Mueller is dead. Photograph shared by @AdhamEtoom on Twitter

Си-Ен-Ен објавува дека САД ја потврдила смртта на заробеничката на ИСИС, Кајла Милер. Фотографијата е споделена од @AdhamEtoom на Твитер

Денеска беше потврдено дека американската хуманитарна работничка, 26-годишната Кајла Милер, која беше држена како заложник на терористичката група ИСИС, е мртва. Таа нема да биде заборавена во Палестина, каде волонтираше преку Меѓународно движење за солидарност (International Solidarity Movement) од август до септември 2010, борејќи се против одземањето и уништувањето на домовите и имотите на палестинскиот народ.

Потврдувањето на нејзината смрт дојде неколку дена откако милитантната група изјави дека таа загинала за време на воздушниот напад спроведен од коалицијата во близина на Рака, Сирија. Милер од Аризона, беше заробена на 13 август 2013 во Алепо, Сирија, каде волонтираше во болницата Шпански доктори без граници. ИСИС, кои го одредија Рака како главнен град на нивниот калифат, изјавија дека таа била убиена во јорданскиот воздушен напад, лансиран како одмазда за убиството на јорданскиот пилот Муат Ал Касабе, кој беше затворен во кафез и запален претходната недела.

Според Си-Ен-Ен, Милер се „вклучувала во меѓународни каузи“ уште од тинејџерска возраст. Извештајот вели:

Во 2012, Милер отиде во Сирија преку Данскиот совет на бегалци и хуманитарната агенција Подршка на животот. 

Падна во рацете на киднаперите во август 2013 во Алепо, Сирија, веднаш откако излегла од болницата на Доктори без граници – вели нејзиното семејство.

Нејзиното семејство немаше слушнато ништо за неа 10 месеци, а потоа ИСИС контактираше со нив со барање за откуп.

Mueller at a protest tent in Sheikh Jarrah. Photo courtesy of ISM

Милер во демонстрантски шатор во Шеик Џарахо.

Според Меѓународното движење за солидарност, Милер волонтирала кај нив во периодот август – септември 2010, каде се борела против одземањето и уништувањето на домовите и имотите на Палестинците. 

Во областа Шеик Џарах во окупираниот Источен Ерусалим, таа престојуваше со семејството Ал Курд за да го спречи превземањето на нивниот дом од израелски доселеници.

Во меѓувреме, во Палестина:

Кајла придружуваше палестински деца до училиште во населбата Тел Руимеда во Ал-Калил (Хеброн) каде децата биле често напаѓани од израелски воени лица. Таа престојуваше кај селани во Избат Ал Табиб во шатор со цел да го спречи рушењето на нивните имоти. Беше дел од петочните протести во палестинските села против одземањето на имотите на селаните од страна на Израел. 

Меѓународното движење за солидарност исто така споделува дел од работите кои Милер ги запишувала за време на нејзината работа во Палестина:

Кајла пишуваше онлајн за нејзината работа со Меѓународното движење за солидарност во Палестина. „Како може да го игнорирам благословот на слободата на говор кога знам дека луѓе кои многу ми значат можат да бидат убиени поради него ?“ – напиша таа. 

Можете да ги прочитате останатите статии овде.

Онлајн, пристигаат написи со почит кон Милер, од целиот свет.

ABC 15 Аризона споделува писмо лично напишано од Милер пролетта 2014:

НОВО: Еве писмо кое #KaylaMueller го напиша пролетта 2014 http://t.co/c5S5Sph6br pic.twitter.com/DCsN69bhzo

— ABC15 Arizona (@abc15) 10 февруари, 2015

Во писмото, таа пишува:

Нема да потклекнам и нема да се откажам без разлика колку време и да ми треба… знам дека вие барате од мене да останам силна. Тоа е токму тоа што го правам. Не плашете се за мене, продолжете да се молите како мене и со помош на Божјата волја повторно ќе бидеме заедно. 

Махмуд Али од Египет ги гледа воздушните напади како „премногу глупави“, бидејки тие не ги разликувале џихадистите и невините луѓе:

Ова е доказ за она што го зборуваме веќе со месеци. Бомбардирањата на коалицијата се премногу глупави ако единствени нивни жртви не се џихадистите #KaylaMueller pic.twitter.com/nOlAItQUXR — محمود علي (@maxrx_1987) 10 февруари, 2015

Ја оплакува Милер:

#KaylaMueller беше прекрасна личност… знаеме кој ја уби, но не можеме да сториме ништо околу тоа pic.twitter.com/9syq8ZbrIi

— محمود علي (@maxrx_1987) 10 февруари, 2015

Адвокатот Рабиа Чодри од Вашингтон додава:

Срцето ми е исполнето со болка за семејството/блиските на #KaylaMueller и неправдата која таа ја претрпе. Нека почива во мир. А ИСИС нека почиваат во парчиња.

— rabia chaudry (@rabiasquared) 10 февруари, 2015

За крај, американскиот активист Насер Ведади заклучува:

Кајла, Питер, Стивен, Џим  #RIP #NeverForget

— weddady (@weddady) 10 февруари, 2015

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.