Македонска НВО ја разви првата апликација за Aндроид и iOS за борба против говор на омраза

Фондацијата Метаморфозис од Македонија ја разви првата мобилна апликација – апликација против говорот на омраза, со цел да ги донесе информациите од оваа област до врвовите на прстите на корисниците на мобилните телефони и да им помогне во борбата против оваа грозоморна појава на интернет.

Апликацијата, достапна за бесплатно преземање за корисниците на Андроид и iOS, изработена е со цел поефикасно спротивставување на говорот на омраза, овозможувајќи пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотеката со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар.

Апликацијата, именувана „Не мрази“, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е достапна во моментов само на македонски и албански јазик, додека нејзините креатори планираат да ја развијат истата на повеќе јазици и пазари во блиската иднина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.