Малдиви: Претседателот даде оставка веднаш по бунтот

Мохамед Нашид, претседателот на Малдивите, ја објави својата оставка во вторникот на 7 февруари, 2012, по приклучувањето на воените сили кон полицискиот бунт полицијата против негововто владеење.

Нашид положи свечена заклетва во ноември 2008 по првите демократски повеќепартиски избори во земјата. Тој беше во внатрешноста на воениот штаб кога армијата започна со повлекување на нивната преданост кон него. Тој беше однесен во автомобил во близина на канцеларијата на претседателот, каде што ја објави својата оставка во живо на телевизија пред новинарите.

Некои од жителите беа загрижени поради безбедноста на претседателот. Маид напиша:

Едно искрено барање останува, НЕ ГО ПОВРЕДУВАЈТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАЛДИВИТЕ. ПОКАЖЕТЕ ДОСТОИНСТВО и НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ИСТОРИЈАТА ДА СЕ ПОВТОРИ. ЗАШТИТЕТЕ ГО.

Луѓето се собираат пред Бандара Коши, седиштето на Малдивската Државна Одбранбенa Групација (МДОГ) каде претседателот Нашид беше земен. Слика од МУХА. Искористена со дозвола.

Тој додаде во следната објава:

Ние, во 2008 од диктатура се преориентиравме во демократија и тогаш му покажавме пример на светот. Ги повикувам силите за безбедност да го покажат тој пример повторно.

Претхотно истиот ден, тензијата ескалираше кога полицијата беснееше против она што тие тврдат дека биле незаконски команди. По она што се чинеше дека е горчливо соочување меѓу армијата и полицијата, армијата се повлече во нивното седиште. На полицискиот протест му претходеа три неделните вечерни протести организирани од страна на опозициските партии  во главниот град Мале, откако владата и нареди на армијата да се задржи судијата на врвот.

Мохамед Вахид Хасан, потпретседателот на администрацијата Нашид даде заклетва како нивни нов претседател. Иако Хасан повика на смиреност во текот на говорот и откако положи заклетва, останува да се види дали земјата може брзо да ја врати стабилноста по неколку неделните протести, уништување на имотот и напади на новинари и медиуми.

Војници кои се бунтуваат се ракуваат со јавноста. Слика од МУХА. Искористена со дозвола.

Континуитетот на демократското остварување на Малдивите останува како прашање, бидејќи тензијата е висока. Подржувачите на соборениот претседателот ја означуваат промената како државен удар, додека неговите противници тврдат настаните во вторникот ја покажуваат волјата на народот.

Мислењето е поделено, а чувствата се измешани на социјалните мрежи и на Твитер, како што жителите на Малдивите се обидуваат да се помират со фактот дека владата се смени скоро две години пред наредните закажани избори. Хаштагот #Малдиви беше тренд денес на Твитер.

Dhaanish твитна:

@Dhaaanish: @ JeelAli @yaittey Подоцна луѓето ќе почнат да сфаќаат каков е разумниот Нашид во споредба со сите опозициски ретарди!!! Запомнете ги моите зборови!!””

Hum_Don твитна:

@Hum_Don: Жалам и многу сум тажен што ја гледам оставката на еден голем претседател, кој толку напорно се трудевме да го избереме.

Epicloser ги истакна своите гледишта:

@epicloser: Нашид, не го слушавте протестот на 23 декември, само не исмевавте, нарекувајќи не терористи. Ова е резултатот за вас. Мир.

Haumaldives има да каже за бунтот:

@haumaldives: @CNN Нашид од Малдивите спроведува арбитрарни апсења користејќи ја армијата што доведе до протести… а казнувањето во армијата доведе до полициски револт.

Луѓето го веат знамето на Малдивите по завршувањето на тензијата. Сликата е од МУХА. Искористена со дозвола.

Limmto твитна:

@Limmto: Граѓаните го победија #Нашид во неговата игра. #muzaaharaa. #Maldives #MVrevolution

profEuLOGist твитнува за ребрендирањето на државната телевизиска станица по преземањето од страна на полицијата:

@profEuLOGist: Најбрза транзиција и ребрендирање на медиум што некогаш сум го видел!! Од TVM во MNBC1 поминаа месеци, но за да се врати на TVM – 10 минути!

Mashafeeg за пресвртот на настаните вели:

@mashafeeg: Нова ера на демократија на Малдивите, луѓето ја докажаа својата моќ, а претседателот ја покажа својата храброст со поднесување на оставка.

Maldives11 одговори на твитот на Mashafeeg:

@Maldives11: @mashafeeg Се сомневам дека беа луѓето. Жалам, но не сум убеден дека беа луѓето.

Mashafeeg исто така размислува за иднината:

@mashafeeg: Најпосле сонот на Д-р Вахид се исполни, се прашувам како луѓето ќе го прифатат неговото претседателство! подобро да почекаме па ќе видиме за некое време! #Maldives

Hilmy7007, има високи очекувања за новата влада:

@Hilmy7007: Претседателот Вахид треба да убеди дека неговата вледа не е корумпирана. Бараме транспарентност и одговорност во сите битни проекти.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.