Блогот Сенинтроверт им посакува добредојде на блогерите кои победија на изборите во Малезија и е радосен бидејќи министер за информатика, кој ги мрази блогерите, изгубил на изборите.
На почетокот на овој месец Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Хелсинки го изјави следново: „ Македонија ги исполни критериумите, но ќе се приклучи кон НАТО кога тоа ќе биде можно на достоинствен начин.“ Кажи: Македонијакоментира: „Оваа изјава го рефлектира јавното мислење во Македонија и илустрира колку е важно за нас Македонците да бидеме признаени под единственото прифатливо име за нас: Македонија и етничка група: Македонци.“
Ари Русила на својот блог AriRusila’s BalkanBlog ги разгледува резултатите за Балканот од истражувањето за слобода во светот на Freedom House, а на AriRusila's BalkanPerspective на Blogactiv.euпишува за индексот на рестрикции за визи во истражувањето направено од фирмата Henley & Partners, истакнувајќи ги резултатите за земјите од Централна и Источна Европа.
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.