Voci Globali: Соработка на Global Voices и La Stampa

Global VocciПоминаа речиси три недели откако Global Voices склучи соработка со италијанскиот дневен весник La Stampa и согласно со која, на веб страната на весникот ќе се претставуваат најдобрите интернационални блогови. Ја нарековме “Voci Globali“ и активноста е сконцентрира околу блогот на весникот La Stampa, кој ги преиздава статиите на Global Voices заедно со преводите на најдобрите статии од 25-те препорачани како најдобри блогови од целиот свет. Ударните вести се редовно претставени во делот за вести од светот на насловната веб страница, а исто така и индивидуални статии се испечатени и во весникот.

Блоговите кои ги следиме редовно сѐ: Afghan Women's Writing Project, Congogirl, Repeating Islands, Registan, Talk Morocco и исто така блоговите на членовите на Global Voices Етан Зукерман, Ребека Мекинон, Дејвид Сасаки и Семи Бен Гарбија. Повеќето од блоговите се на англиски, но постојат и блогови на шпански и француски јазик.

linguabadge-itПроектот го изведува еден тим од (ентузијасти!) преведувачи, кој работи одделно, но паралелно со преведувачите на Лингва проектот од италијанскиот Global Voices. Вложен е голем труд за да се раководат истовремено двата проекти, тестирајќи притоа колаборативни методи на преведување и запознавајќи се со онлајн платформата на La Stampa. Но сѐ до денес, секојдневно објавуваме најмалку една статија под лиценцата Наведи извор* на Криејтив Комонс (*слободно користење на содржината доколку се наведе оригиналниот креатор, извор).

La-Stampa-website-210x300

Почетната страница на весникот La Stampa

На 20-ти февруари, постот од Global Voices на Џулиана Ринкон Пара, Мобилни библиотеки, беше отпечатен во весникот. И на 7-ми март, денот кога се одржуваа парламентарните избори во Ирак, La Stampa го објави италијанскиот превод на ирачкиот блогер тинејџер, “Sunshine” од Мосул, која пишуваше за првото гласање во својот живот. После земјотресот во Чиле, La Stampa побара свежа статија и за кратко време бевме во можност да го преведеме првиот извештај за веб реакции на чилеанските блогери напишан од Едуардо Авила на Global Voices.

Имаме преведено статии со различни теми од кои добивме многу позитивни реакции во онлајн коментарите. Еве листа со блогови и веб страници во кои се спомнува новата соработка.
Една прекрасна „последица“ од Voci Globali беше зголемената афирмација на Global Voices на италијански јазик. Ова беше поттик за неколкумина нови волонтери да му се придружат на преведувачкиот тим. Претплатите на нашиот неделен билтен се зголемија и се испраќа на 230 членови, нашата група на Facebook брои 683 члена и Twitter профилот има 110 следбеници. И ова е само почетокот. Се надеваме дека нашите проекти, во скоро време ќе бидат откриени од многу повеќе говорници на италијанскиот околу светот, продлабочувајќи го и ширејќи го простирањето на Global Voices во целина.

Конвенционалните медиуми се гладни за свежа содржина и различни гледни точки, а читателите се желни да среќаваат нови перспективи на „глобалната конверзација“ онлајн. И покрај тоа што експериментот со La Stampa има ограничен фокус (во споредба со Global Voices) на пред-селектирани блогови, ова интегрирање на професионален и граѓански медиум се чини дека истовремено е предизвикувачка, но истовремено и перспективна идеја. И уште повеќе, го покажува потенцијалот за натамошно разгранување надвор од Global Voices и сајтовите на Лингва преводите како вредни ресурси за медиумските пазари и нивните читатели низ светот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.