Полска: Потенцијалните ограничувања на интернет ја поттикнуваат креативноста

На почетокот на февруари, премиерот Доналд Таск се сретна со полските блогери за да дискутираат за предлогот на владата да воведе регистар за забранети веб -сајтови и сервиси. Резултатот беше повлекување од горе споменатиот предлог. Заканата од некакви рестрикции на полскиот интернет доведе до низа креативни реакции во врска со ова прашање; реакции кои служат како потсетник за тоа, колку Полска беше блиску до потенцијалната цензура во 2010.

Blackout Europe [полски] – организираше манифестација во Варшава – линк до лажен веб- сајт [полски] заедно со премиерот:

Веб- сајтот до кој се обидувате да пристапите може да биде опасен. Загрижени за вашата безбедност, ние го забранивме пристапот до него.

Тој можеби содржи: детска порнографија, коцкање, содржина која е навредлива за јавноста, содржина неодобрена од Министерството за информатичко општество.

Обидот да се пристапи до сајтот беше регистриран и проследен до Дирекцијата за контрола на интернет, даночната управа, како и локалната станица на Европската полиција.

Ве молиме да останете спокојни, во исчекување на пристигнувањето на полициските службеници.

„Не ги сфаќајте моиве реченици како ветување“ – рекол Донал Таск

На истиот веб- сајт е поставен линк до видео изработено од Мартин Лехович, насловено „Кафез“:

Еден ден ропството ќе дојде,

Како топло утро после студена ноќ,

Слобода за која никој не се бори,

Бидејќи некој ќе не убеди со неговиот пријатен глас.

Нема тенкови на улиците

Но ти беше оној кој остана дома

Додека сè уште имавме време да викнеме по нешто

Додека сè уште имавме некој да довикаме

Коментарите за оваа песна сè уште продолжуваат да се налеваат. Пред една недела (на 23ти февруари) Heato 124 напиша [полски]:

Немам зборови… Имав солзи во очите додека ја слушав…Толку е тажна…

Sebek23b се спротивстави:

Жал ми е кога гледам како обвинуваат човек за ваква работа. Повеќето од политичарите немаат свое мислење, бидејќи НЕ МОЖАТ да го имаат. Тие мораат да играат онака како што им е кажано.

Pigmey18 истакнува:

Вистинита песна. Меѓутоа постои начин да се излезе на крај со цензурата. Предлагам да ги погледнете Freenet и Tor и да побараме повеќе информации на темава на интернет, каде цензурата нема право да постои :). На здравје.

Друга песна од истиот изведувач, насловена „Нецензурирано“, собра 38.000 посети до сега:

Ти, кој се грижиш за нашата безбедност и ги штитиш нашите соништа,

Сакаме да ти ја искажеме нашата благодарност,

Ние – твоите верни кучиња!

Ти благодариме, добар Господе, што ни стави маски на устите, како на кучиња,

Ти благодариме, голема благодарност до тебе…

Коментарите за ова видео исто така продолжуваат.

Вагла, кој претставува моќен глас по ова прашање и објавува многу проникливи анализи на овој блог [полски], го објави ова видео, во кое пее песна од еден стар полски филм насловен „Забранети песни“:

Секира, мотика, клавијатура, ќе стигнат до втор мандат [се однесува на политичката кариера]

Секира, мотика, жиг, нож и Регистарот за забранети веб – сајтови е веднаш зад аголот.

Заразните „класични“ извадоци од филмот за Хитлер исто така најдоа своја примена:

Срамота! Веќе им дозволиме да гласаат! Што друго сакаат?!

Пред 3 дена beaudeau искоментира [полски]:

Доколку сме потчинети на цензура (а до одреден степен сме и тоа секој ден се повеќе) тоа се случува на повозвишено ниво во однос на смешниот случај измислен од страна на смешниот премиер.

Томаш Смиковски постираше временска линија на цензурата во Полска на неговиот блог [полски]:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.