Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иранскиот блогер Омид Реза Мир Сајафи почина во затвор

mirsiyafi-icon Омид Реза Мир Сајафи, 29 годишен ирански блогер и новинар, на 18 март почина во затворот Евин во Техеран. Во декември, тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно навредување на религиозните лидери и вклучување во пропаганда против исламската република Иран. Мир Сајафи сѐ уште чекаше на дополнителното судење за навреда на исламот.

Според веб сајтот Human Rights activists in Iran (Активисти за човекови права во Иран), Омид Реза во затвор страдал од длабока депресија и му биле препишани лекарства, од кои тој очигледно земал премногу. Др. Хесам Фитози, доктор во затвор и активист за човекови права вели [фарси] дека тој ги убедувал надлежните органи на затворот да го однесат Омид Реза во болница надвор од затворот, но затворскиот доктор одбил и не сакал да изврши дури ни основни тестови.

Започната е кампања на Facebook за „Да се смета Иран одговорен за смртта на блогерот Мирсајафи во затвор“.

Блогерот Мојтаба Саминејад вели [фарси] дека Омид Реза комуницирал со него два дена пред неговата смрт дека можеби би му дозволиле да излезе од затворот во наредните денови за да оди во болница. Блогерот вели дека очекувал подобри вести од ова.

Во интервју [fa] за Активисти за човекови права во Иран неколку денови пред да оди во затвор, Омид Реза рекол дека неговиот блог е културен блог и дека немал намери да навреди некого.

Следува видео снимено од Омид Реза во Техеран. Видеото е за погребот на иранскиот археолог и академик Парвиз Варјаванд .

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.