Бугарија: Дебата за исламот

На 26 февруари, околу 40 луѓе присуствуваа на дебатата со наслов „Исламот како закана – повторно во мода?”, која се одржа во Центарот за култура и дебата „Црвена куќа” во главниот град на Бугарија, Софија. Меѓу луѓето кои говореа беше Салех Брех, психолог на Универзитетот во Дамаск, Владимир Чуков, специјалист по исламска религија и Нидал Хлајуф, студент по филмска режија.

Околу еден милион муслимани живеат во Бугарија (чија вкупна популација е околу 8 милиони луѓе). Многу луѓе имаат претстава за исламот, затоа што има муслиманско население во земјата со векови. Но, постојат политички партии, кои создаваат проблеми меѓу христијаните и муслиманите: национализмот во последните години стана посилен и поагресивен, а некои луѓе веруваат дека исламот е опасен. Ете зошто ваква дебата која се одржа во Софија (бугарски) е значајна за општеството. Нејзината цел беше да се дискутира дали исламот претставува опасност за Европа. Меѓу другите, на дискусијата присуствуваа и припадниците на бугарската националистичка партија; според нив, исламот е опасен и е инструмент на турските интереси. (ова е линк до натписот на Владимир Чуков за „Бугарскиот етнички модел.” )

Пост на оваа тема се појави на Муслимански и Американски филм (http://muslim-cinema.blogspot.com), блог на бугарски јазик за стереотипното портретирањето на муслиманите во филмовите, администриран од Хлајуф Нидал, кој има напишано докторска дисертација по филмска режија во Софија. Следат извадоци од овој пост (бугарски):

[…] Публиката составена главно од бугарски државјани, некои постари, но имаше и многу млади луѓе […]

Професорот Чуков ги истакна двата основни шаблона за имиграција – англо-саксонски, кој е полиберален во своето гледиште, и француски – порестриктивен кон малцинствата. […] На наше изненадување, излезе дека Данска веќе дозволила создавање на муслиманска партија [видите го овој пост на блогот Исламот во Европа]. […]

Руслан Трад презентираше слајд-проект со листа на блогови во арапскиот и исламскиот свет, кои имаат забранети информации за покривање на настани како гонење на политичките противници во Египет [видете го овој GV пост за повеќе инфо], затворени блогери [пр. Free Kareem и Free Bashir El Hazem), […], блогови на жени од Блискиот Исток кои се борат за повеќе права [на пример, www.feministcollective.com]. Целта беше да и се покаже на јавноста дека […] исламскиот свет не е инертна маса, но е загрижен за тоа што се случува со неа и со светот, особено во однос на помладата генерација. […]

Нидал Хлајуф зборуваше за филмските стереотипи. […] [Практиката] на спротиставување на исламскиот свет против Западот е толку вкоренето и тешко е да се надминат стереотипите […]. […] Дебата за тоа зошто сликата за Арапите и Муслиманите е непроменлива […]. Прво, поради се уште болните сеќавања од минатото за судирите на исламот со Западот, воена или културни; второ, затоа што САД ја наследи ориенталистичката идеја за европските доселеници; трето, од крајот на 19 век, американски мисионерски активности во исламскиот свет е во пораст.

Д-р Салех Брик од Универзитетот во Дамаск зборуваше за тоа колку е тешко прифаќањето на „поинаква” религија, поради нејзиното непознавање. [пример за швајцарската забраната за изградба на минариња]: […] минарињата не се најважниот дел од верата за муслиманите и тоа не е главниот проблем со муслимански заедници.

Маја Ценова, филолог по арапски јазик од Центарот за Источни јазици и култури, додаде дека „човек се плаши од она што не го знае” и дека „Западот имаше контакт со муслиманите пред да го запознае исламот.” Незнајковците се непријатели на самите себеси и на другите, како што вели една арапска поговорка.

Има некои коментари на мојот пост на блогот (бугарски) за овој настан. Еден читател пишува за исламизмот и тероризмот во другите балкански држави:

Околу нас [бугарски], подобро да не ги заборавиме Босна и Косово, кои се копии на тие идеи на Балканот.

Состојбата на Косово е важна за Бугарија, бидејќи многу луѓе се плашат дека она што се случи таму и во Босна може да се случи и во Бугарија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.