Матис Бустос Хоукс, Сведок и моќта на видеото

Сведок, меѓународна непрофитна организација, која во последните 20 години ја користеше моќта на видеото и наративот за да ги отвори очите на светот за прекршувањето на човековите права, учествуваше на неодамнешниот самит на Глобал Војсис во Најроби, Кенија.

Во панел дискусијата насловена „Глобалниот раст на граѓанските медиуми“, менаџерот за комуникации на Сведок, Mатис Бустос Хоукс, зборуваше како различната употреба и примена на видео ја менува динамиката на одбрана на човековите права. Таа исто така ги презентираше прашањата кои произлегуваат од употребата на видео:

Сега кога инстантно можеме да снимаме и споделуваме видео, како можат луѓето да ги контролираат информациите кои ги споделуваат за себе и луѓето кои ги снимаат. Матис ја раскажува приказната за жена која ја раскажува нејзината сторија, и чие лице е прикриено во видеото со цел да се заштити нејзиниот идентитет. Таа ги прикажува напорите на иранската влада да се открие идентитетот на протестантите. Ваел Абас ја користи платформата за пренесување во живо Бамбузлер, која ја споделува локацијата на преносите. Неговите пријатели можат да го лоцираат, а може и полицијата.

Погледнете го говорот на Матис во следното видео:

Ова не е прв пат Сведок и Глобал Војсис да соработуваат. Впрочем, во 2007 година, заеднички продуцирано видео од страна на Сведок и Глобал Војсис беше победник на наградите One World Media. Во 2012 година, повторно објави написи од Сведок и известуваше за неколку од нивните активности, вклучително и овој напис од Jулијана Ринкон за серијата видеа создадени за да ги научат активистите како да снимаат протести:

Видео серијата во пет дела, создадена со поддршка и совети од видео активисти, обезбедува важни информации за секој кој може да се најде со камера на настан кој може да е вреден како вест, како што се протестите Окупирај, сириските бунтови и било што друго. Петте видеа во серијата покриваат теми како што се подготвување за снимање, избирање на соодветната опрема, снимање на протести во тим, снимање на квалитетни слики и звук и спроведување интервјуа.

По нејзината презентација, зборував кратко со Матис за Сведок и другите аспекти на видеото:

Бројни видеа за Латинска Америка поддршани или продуцирани од Сведок, многу од кои документираат насилни иселувања во Бразил (за сметка на Светскиот куп) и во Мексико (за да се градат брани), може да се најдат на плејлистата Принудни иселувања, со написите на оваа иста тема наведени на оваа блог страница на Сведок. Едно видео кое овозможува глобален преглед на темата на принудни иселувања е Луѓе пред придобивки, кое може да се гледа со шпански титлови.

Оваа плејлиста се занимава со проблемот на исчезнување на жени во северно Мексико (Чихуахуа и Сјудад Хуарез) и го вклучува Двојна неправда, продуцирано во 2005 од страна на Националната комисија за човекови права во Мексико и Сведок. Обврзан со ветувања го покрева прашањето на рурално ропство во современ Бразил.

Интересни серии видеа од Сведок со кои се обучуваат активистите за употребата на филм за одбрана на човековите права се Видео за промена. Бројни видеа во оваа плејлиста може да се гледаат на шпански. А на темата обучување, ова видео беше снимено на работилница на Сведок во Парагвај за време на Социјалниот форум на Америка во 2010.

Разгледајте повеќе видеа на Јутјуб каналот на Сведок.

WITNESS LOGO

Поврзани постови:

Крис Моја, Шпанска револуција и сајберактивизам
Aфеф Аброгуи, Блогирање од Тунис
Зборувајќи со Ребека МекКинон за „Согласност на вмрежените“

Второто видео во овој напис е преведено од dancampbell и ligia.magalhaes.
Оригиналниот напис е објавен на блогот на Хуан Арелано

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.