Египет: Телевизиско шоу што ја заврши кариерата на еден премиер

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011.

Ахмед Шафик, египетскиот премиер назначен од поранешниот претседател Хосни Мубарак, беше принуден да поднесе оставка после неговото денешно присуство во телевизиско шоу доцна навечер во средата (2-ри март). Оваа епизода на шоуто беше опишана како историска од страна на Зеинобиа.

Не би рекол незаборавна ноќ во историјата на египетската телевизија, бидејќи ова никогаш се нема видено во арапскиот свет, од почетокот на емитувањето на телевизија во Ирак.

Вчера вечер “ON TV”  направи телевизиска историја кога беше домаќин на првата вистинска политичка дебата меѓу премиерот и претставници на опозицијата во Египет. Епизодата започна во 22 часот, а заврши во 2 часот по полноќ по локално време во Каиро.
Down With Shafik's Government
Етикета што вели: Долу заедно со влатада на Ахмед Шафик.

Сликата е објавена од @mernathomas

За време на вториот дел од шоуто, Шафик беше придружен од двајца египетски писатели и новинари, Алаа-Ал-Асвани и Хамди Кандел, сопственикот на телевизијата Нагиб Савирис, како и од домаќините на шоуто, Јосри Фоуда и Реем Магед. Асвани и Кандел имаа жестока дискусија со Шафик и многу го критикуваа.

@Sarah_Akl: Дискусијата стана непријатна.

Дури и за време на рекламите, некои луѓе очекуваа тие да се убијат меѓу себе.

@luelabie: Тие ќе се убијат меѓу себе позади сцената.

Според гледачите, најважниот дел од епизодата е тоа што таа откри многу за Шафик.

@Phi251: الخلاصه .. انه رئيس وزراء لا يملك اى معلومات عن اهم الموضوعات التى يسأل عنها الشارع .. اذن لا يستحق ان يبقى بمنصبه
@Phi251: Во основа, тој е премиер кој не ги знае одговорите на основните прашања поставени од луѓето на улиците. Затоа, не заслужува да остане на својата позиција.
@ahmedBedeir: رئيس الوزراء حتي الان وبعد 30 يوم لا يعلم من هو مدبر احداث الاربعاء الدامي!؟ اذن من يعلم!؟ عليه ان يستقيل الان
@ahmedBedeir: Премиерот, 30 дена по крвавите напади во среда, се уште не знае кој се крие зад тие напади. Тогаш кој треба да знае? Тој треба да даде оставка веднаш.
@rania_hafez: Во основа Шафик има многу ограничена моќ во владата.

Асвани, од многу корисници на Твитер, беше критикуван поради неговата непристојност. Сепак, ова не ги спречи уште повеќе да го критикуваат Шафик.

@NoorNoor1: Многу порадо би слушал некој што е непристоен, отколку некој што лаже и измамува. Оставете го Асвани.
@rania_hafez: Алаа-Ал-Асвани многу изгуби…. Шафик немаше што да изгуби.

Веднаш по завршувањето на шоуто, за некои луѓе на Твитер беше очигледно дека Шафик е на работ да ја изгуби својата позиција.

@Yasser__Abbas: Мислам дека ова шоу ќе влезе во историјата како “шоуто на Алаа Асвани во кое го напаѓа поранешниот премиер, две ноќи пред неговата оставка!

Вредно е да се спомене дека имаше постојани протести со кои се бараше оставката на Шафик, од 11 фебруари, денот кога кога Мубарак се повлече, а сепак се чинеше дека ова е последната шајка од неговиот политички ковчег.

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.