GlobalVoices на Повеќе информации »

СИДА – Табу тема во Арапскиот свет

СИДА, смртоносниот синдром на стекнат имунолошки дефицит, е табу збор во Арапскиот свет. Меѓутоа, застрашувачкиот збор успеа да се појави во многу блог постови оваа недела – Од Јордан, Ирак, Палестина, Бахреин и Јемен.

Јорданскиот блогер Хареега, лекар по професија, го сподели овој ‘непријатен разговор’ што тој го водеше со познаник за неговата работа во ХИВ Сида клиниката:

Еден пријател праша, “Како ти е на работа овој месец”
“Добро, одам во ХИВ клиниките три пати неделно”
“ХИВ? Како СИДА?”
“Да”
“Чувај се”
“Да се чувам од што?”
Тој ме погледна како да сум идиот, “Чувај се од ХИВ”
“Зошто да се чувам?”
“Па, чувај се, тоа е ХИВ, тоа е СИДА”
“Но зошто треба да се чувам? Јас не спијам со моите пациенти во клиниката”
“Знам идиоте, но само внимавај, тоа е СИДА”
“Јас ниту си вшприцувам дроги со нив”
“Знам, знам, само чувај се”
“Од што?”
“Слушај, јас не сум научник (очигледно), но ти мора да се чуваш, или јас ќе треба да започнам да те чувам тебе”

Хареега продолжува:

Од 1ви Јануари 2008, во Јордан беа дијагностицирани 22 нови случаи на ХИВ.
Јавното знаење за ХИВ меѓу Јорданците, особено оние “добро-образованите” е нула и опаѓа.

Ирачанката Лаила Анвар исто така е разлутена од начинот на којшто оваа тема е “зачната” во Арапскиот свет – и покрај зголемениот број на случаи од болеста во регионот. Гледајќи телевизиска програма на оваа тема, блогерката забележува:

Гледав една програма пред неколку месеци, на Арапскиот канал Ал-Џазира за ХИВ и други сексуално преносливи болести во Арапскиот свет.
Продуцентот многу умно се обиде да ја зачне оваа “чувствителна” и табу тема, презентирајќи ја како религиозна програма и покани гостин говорник кој е специјалист во обете медицина и религиозна наука, т.е. Исламска теологија.

Лаила објаснува:

Зголемен е бројот на носителите на ХИВ во Арапскиот свет. Никој не сака да го признае тоа, но тоа е факт. Ние сите знаеме како ХИВ се пренесува и сите знаеме дека практикувањето безбеден секс и контрола на крвната слика е обврска.
Но ова не е она што ми го привлече вниманието во програмата. Она што навистина ми го привлече вниманието е дека бројот на ХИВ и СПБ (сексуално преносливите болести) заразени се зголемува кај брачните хетеросексуални двојки во Арапскиот свет, а не само кај хомосексуалците.
Специјалност на поканетиот гостин е епидемиологија и заразни болести. И во текот на неговото искуство, тој се сретнал со неколку случаи (необјавени во јавната статистика) на хетеросексуални двојки во најголем број брачни, инфицирани со СПБ и СИДА особено.
Во 99% од случаите, жената била инфицирана од својот сопруг. Сопругот кој имал незаштитена вонбрачна врска, со други жени и понекогаш со други мажи.
Во 99% од случаите, мажот верувал за себеси дека е непобедлив, и ја одбил идејата за заштита, т.е. користење на кондом.
Па така, Господинот кој се вратил од бизнис патување, или од вечерно излегување доаѓа дома и ѝ на нуди на својата сопруга/партнер бакнеж на смртта.

За табуата, Лаила вели:

Се разбира имате разбирање дека зборувањето на оваа тема во Арапскиот свет е големо табу. Многу одрекувања го опкружуваат ова и рационализирања, до ефектот дека “кај нас во муслиманските општества не постојат такви работи”, “бутнете ги под тепихот, и не дозволувајте им на соседите да дознаат – што ќе си помислат луѓето”….итн.
Ѕидот на традиција и култура е толку непроѕирен што е скоро невозможно да се зборува на оваа тема јавно без да се биде обвинет дека си “декадентен, развратен и неморален.”
Во меѓувреме, жртвите од СИДА умираат во тишина, карантирани во соби од срам и вина.

Aмал А, од Палестина, исто така се занимава со оваа тема Сида, наведувајќи го своето гадење од тоа како беше постапено во еден судски случај во Египет, каде обвинителот му рече на еден од мажите вовлечени во судскиот претрес, кога тој го информираше дека е ХИВ позитивен: “Луѓето како тебе треба да бидат изгорени живи. Ти не заслужуваш да живееш.”

Ако Египет има намера да ги фрли во затвор сите мажи Египќани кои имаат секс со други мажи, ќе им требаат многу повеќе затвори. (…)
Да се смета СИДАТА за криминал е катастрофа!!! Да се издвојуваат и да се сметаат за демони пациентите кои се ХИВ позитивни или имаат СИДА нема да помогне да се заштитат Египќаните. Но, овде не се работи за заштита на Египќаните воопшто. Се работи за државата која ги прави жртвени јагниња слабите со цел да ги зацврсти своите моќи преку секоја мерка.

Но работите полека се менуваат и се чини дека има надеж. Бахреинката Пеперутка наскоро ќе го посети Каиро, добивајќи право од Независни Уметници/Блогери кои одговараат за СИДА во Арапскиот регион.

Работилницата ќе вклучи блогери и креативни Арапи од областа на фотографија, снимање на филмови и други медиумски уметности. Ова е прв пат јас да учествувам на настан организиран од Програмата за развој на Обединетите Нации во Бахреин и исто така да се сретнам со блогери и уметници од целиот Арапски свет. Јас дефинитивно ќе ги поделам со вас тајните што ќе ги откријам за оваа страшна болест, каде дури и зборувањето за тоа е забрането во повеќето од нашите Арапски земји.

И најпосле, но не и најмалку важно, Aрмиите за ослободување, линкови до нови извори за чудото од лек за Сида направен од билни тревки, направен во Јемен кој тврди дека го има лекот за смртоносниот вирус.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.


Регион

Држави

Јазици