Геноцидот во Руанда, после 16 години

На 7-ми април, во Руанда сѐ одбележа 16-годишнината од геноцидот кој сѐ до денес предизвикува повреди во целиот регион. Овој геноцид се одбележува со цел да се запаметат сеќавањата и да им се оддаде почит на преживеаните, но и да ѝ се помогне на земјата да го продолжи патот кон иднината во обединет дух и со помирување. Преживеаните од овој геноцид се сеќаваат на 100-те дена кога човештвото ги покажа своите слабости со вистинското лице и неизмерно и целосно ги предаде жителите на оваа земја. Многумина од нив учествуваат во процесот на реконструкција, создавајќи мрежи на соработка за да го поддржат взаемниот живот. Блогерите дискутираат за значењето на Меморијалниот ден на геноцидот (и покрај тоа што комеморациите траат една недела) и за сложеноста на меѓународните односи на Руанда, како резултат од последната посета на францускиот Претседател Саркози во Кигали кога на заедничката конференција за печат со Претседателот Кагами беше изложено признавањето дека „беа направени грешки“.

Нора Багаринка, припадничка на етничката група Туци се сеќава дека беше заробена од припадници на мицилијата, но на крајот ја спаси еден од нив, кој сосем случајно беше нејзиниот градинар:

Не однесе, мене и уште две други госпоѓи зад една грмушка. Кога стигнавме таму, скина некои лисја, ми ја зави повредената рака и ни рече: „Бегајте, бегајте за да се спасите.“ И ни се извини.

Проектот Гласовите на Руанда ги евидентира животните приказни на жителите на Руанда – тоа не се само приказни за геноцидот, туку за нивниот живот во целост. Следното сведочење на една од преживеаните, ни објаснува зошто таа мора да се сеќава и да ги изнесува во јавност нејзините сведочења:

„Доколку умрам без да ја кажам мојата приказна, моето племе ќе згасне.“

(За повеќе детали за Гласовите на Руанда, прочитај ја статијата на Хаб во блогот Witness)

Блогерот Мамаду Коујате постира статија за сеќавањата на една група австралиски војници, припадници на мировниците на Обедитетите Нации кои се најдоа во масакрот во Кибехо:

„Многумина од ветераните чуствуваат голема грижа на совеста за она што се случи, бидејќи не можеа да направат се што можеа за да спасат животи. Не можеа да направат ништо за да ги одбраната оние кои не можеа да се бранат самите себеси.“ [..] „Се чини дека единственото што остана беше мирисот на геноцидот и деца напуштени заради војната кои тажно лутаа по улиците, шокирани од смртта и деструкцијата на кои беа сведоци.“

На Комеморацијата во Амохоро (Стадион на мирот) присуствуваа 20.000 луѓе, во мирна и инспиративна атмосфера. Сара Стравчински ни го опишува Патот кој ќе се памети на улиците на Кигали:

Во текот на мојот неколкумесечен престој и работа како Пријател на Кива во Руанда, ми беше исклучително тешко да се помирам со она со кое свесно се зафатив и со она што го доживував во секојдневниот живот. Кигали е безбеден, чист и прекрасен град. Околината е толку раскошна и прекрасна. [..] И кога веќе зборуваме за тоа, белезите од геноцодот во Руанда не се наоѓаат скриени длабоко под површината [..] Поминавме покрај две групи на затвореници, кои беа лесно препознатливи заради нивните униформи со розова, портокалова и плава боја. Руандските затвори се преполни со луѓе обвинети и осудени за геноцид и воени злосторства и бројот на апсења во оваа земја е меѓу најголемите во светски размери.

Џени Кловер присуствуваше на Комеморацијата во Црквата во Нијамата каде беа убиени 10.000 луѓе:

Црквата во Нијамата е полна со облеката од 10-те илјади луѓе кои беа убиени на тоа место – илјадници и илјадници кошули, фустани, чорапи и панталони ставени во купови на клупите во црквата. По извесно време почнаа да изветвуваат – остана само еден каллив куп изветвени алишта, извадени од масовната гробница каде убијците се обидоа да го скријат своето дело. [..] За Комеморацијата во Нијамата можеме да кажеме уште многу: редици и редици од черепи уредно построени во студената подземна крипта, некои од нив внимателно отсечени со мачета…

Џина Мур се наоѓа во Руанда за време на одбележувањето на Меморијалниот ден веќе втор пат. Се чувствува раскината помеѓу чувствата на „обврска да присуствува и нагонот да биде подалеку од настаните“:

За многумина, тоа е одбележување на нешто што паметат; други, се сеќаваат на семејства кои ги изгубиле, и покрај тоа што тие се наоѓаат странство и не се соочија со геноцидот. Но тоа не се мои сеќавања. Поголемиот дел од денот ќе го поминам сеќавајќи се на моите пријатели кои сепак успеаја да преживеат и сеќавајќи се и на нивните семејства, кои преку кажувањата на моите пријатели, чувствувам дека ги познавав. Можеби еден дел од денот ќе го поминам со тие пријатели. А можеби и не. „Белите луѓе“ овде, често дискутираат околу тоа дали нашето присуство во овие настани се смета за наметливост или пак од друга страна дали неприсуствувањето се смета за непочитување. Сметам дека не постои правило околу тоа.

Многумина од локалните блогери исто така реагираа и во однос на комплицираните односи на Руанда со Меѓународната заедница.

Стефани Балонг објаснува дека односите меѓу Руанда и Франција сe сѐ уште малку затегнати (француски):

En août 2008, Kigali qui a rompu ces relations diplomatiques avec Paris, avait menacé de traduire en justice 33 personnalités françaises. Dans un rapport de 500 pages, les autorités rwandaises ont dénoncé l’implication du gouvernement français dans le génocide. Le document confirmait les responsabilités directes de treize politiciens et vingt militaires français dans ces tueries.

Во август 2009, Кигали ги прекина дипломатските односи со Париз и се закани да гони по судски пат 33 француски личности. Во извештајот долг 500 страници, руандските власти ја обвинија Франција за вмешаност во геноцидот. Со извештајот се потврди директната врска на 13 политичари и 20 армиски службеници со убивањата.

Кристоф Ајад пишува подетално за овие обвинувања кои ќе бидат објавени во едно досие со наслов «Франција во Руанда» (француски):

Dans «Là haut, sur la colline de Bisesero», Jean-François Dupaquier fait le récit des premiers jours de l'opération Turquoise -opération militaro-humanitaire controversée et destinée à «stopper les massacres»- à travers le témoignage long et détaillé de l'adjudant-chef Thierry Prungnaud, gendarme du GIGN. Il est envoyé en élément précurseur sous le commandement du COS (Commandement des opérations spéciales). Pendant plusieurs jours, il ne comprend rien à la situation. Et pour cause. Voici le tableau de la situation qu'on lui a dressé avant sa mission: «Les Tutsis exterminent les Hutus. Nous sommes venus pour les protéger, mettre fin aux massacres (…) Votre rôle est de vous informer de la situation sur le terrain, de voir où en sont les rebelles du FPR». C'est exactement le contraire de la réalité: les Tutsis sont massacrés par les Hutus et le Front Patriotique Rwandais (FPR) n'est en rien impliqué dans le génocide, qu'il cherche plutôt à stopper.

Во книгата „Горе, на брдото Бисесеро”, на Жан-Франсоа Дипакие се раскажува приказната за првиот ден на операцијата „Туркоаз“ – една полу-хуманитарна воена операција со цел да се прекинат масакрите – преку сведочењето на Тиери Прињо, член на француските вооружени сили (GIGΝ). Прињо беше испратен во извидувачка мисија по налог на Командата за специјални операции (Special Operation Command). Во текот на првите денови, не може да ја сфати ситуацијата. Да, пред да ја започне својата мисија, му беше објаснето дека: етничката група Туци ги истребуваше етничките Хуту. Ние се наоѓаме тука за да ги заштитиме нив и да го прекинеме масакрот (..) Твојата задача е да бидеш информиран за ситуацијата на лице место и да ги одредиш локациите на кои се наоѓаат востаниците на Руандскиот Патриотски Фронт (РПФ). Но, во суштина, ситуацијата беше спротивна: Туците беа масакрирани од страна на етничките Хуту и РПФ немаше никаква врска со геноцидот – напротив, тие се обидуваа да го спречат.

Франција не е единствената земја која е обвинета за учество во трагедијата во Руанда. Мамаду Коујате на својот блог постави статија напишана од Мајкл Чосудовски од Глобал Рисрч која тврди дека војната во Руанда и етничките масакри беа дел од надворешната политика на САД.

Сите овие обвинувања и сѐ уште опипливите рани од трагедијата придонесуваат кон ионака комплексната дипломатска и политичка сцена во Руанда. Локалните блогери се свесни дека е можно политичката тензија да порасне неколку месеци пред изборите (закажани во август 2010). Жан-Мари Виани Ндаџиџимана пишува дека опозициската партија, Демократските Обединети Сили – Инкинги (Les Forces Démocratiques Unifiées-Inkingi), во неколку случаи се наоѓаа под закана, имено, не им беа издавани пасоши, беа под неоснована полициска истрага и дури и физички закани.
=================================================================================
(Францускиот автор Абдулај Бах на Глобал Војсис придонесе кон овој пост со линкови. Во врска со реакциите од страна на блогерите за минатогодишниот меморијален ден на геноцидот, ве молиме да ја прочитате одличната статија на Елија Варела Сера).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.