Наградите „Најдобро од блоговите“ 2010: И победници се….

На BOBs се реши!

Одлучени се победниците на BOBs!

Шестите по ред награди на Дојче Веле „Најдобро од блоговите“ (BOBs) дојдоа до завршницата и Глобал војсис заедницата прославува со победниците. Оваа година, голем број од блоговите креирани или потпомогнати од блогери од Глобал војсис беа номинирани (како што нагласи Диего Касаес) и претставниците од Глобал војсис Амира Ал Хуасини и Клер Улрих беа дел од меѓународното жири.

Па кои се најдобрите блогови? Блогот за иновативни решенија при ангажирање надворешни соработници во кризни ситуации Ushahidi (На кој работи Џулијана Ротиџ) го зазеде највисокото место на годинешниот натпревар со наградата за најдобар блог од жирито, додека блогерот Осама Ромох од Јордан ја зеде наградата за најдобар блог според мислењето на публиката.

Останатите главни награди отидоа за:

Најдобар блог: Ushahidi (од жирито), Осама Ромох (од публиката)
Најдобар подкаст: Cajun French Language Tutorials Podcast (од жирито), Radio Kalu (од публиката)
Најдобар видеоблог: Мистер Фриман – Mr. Free Man Best Videoblog (од жирито), Malviviendo (од публиката)
Награда за репортери без граници: We are Journalists (од жирито), Холом Акхдар (од публиката)
Blogwurst наградата: Blogs do Alem и Wake Up Mr. Green (од жирито), Ibda3at (од публиката)
Награда за специјана тема (климатските промени): Coluna Zero (од жирито), Ecoplaneta (од публиката)

Жирито и гласачите исто така ги наградија и најдобрите блогови на сите од единаесетте јазици, вклучувајќи го и новиот јазик додаден годинава:

Бенгалски: Ali Mahmed's blog (од жирито и од публиката)

И најдобриот блог на англиски….

Хишам Кхрибчи и Џулијан Јорк, двајцата автори на Глобал војсис, беа почестени со двете од наградите и од жирито и од публиката за нивниот веб сајт, Talk Morocco, кој беше награден во категоријата најдобар блог на англиски. Сајтот има цел да ја поттикне комуникацијата помеѓу различни фракции на мароканската блогосфера и меѓу неговите придонесувачи брои многу блогери, новинари и активисти за човекови права.

Честитки за сите добитници!!

Talk Morocco е прогласен за победник на конференцијата RePublica во Берлин, слика од Сами Бен Гарбија

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.