Србија: Блогери дискутираат за плановите за подигање споменик на покоен азербејџански претседател

Ташмајдан, еден од најубавите паркови во Белград, неодамна беше реновиран, делумно благодарение на донација од 2 милиони евра од Владата на Азербејџан. Веста која последниве неколку недели поттикна контроверзи меѓу српските блогери и интернет-заедница е дека услов за оваа великодушна донација било Белград во паркот да подигне споменик на покојниот азерјбеџански претседател Хејдар Алијев (анг.).

Приказната (анг.) за контроверзното владеење (анг.) на Хејдар Алијев предизвика некои блогери да го постават прашањето дали и во замена за таква донација вреди да се постави статуа на таков човек.

Влада Дуловиќ од блогот Живеење во Белград пишува (анг.):

…поставувањето на триметарска статуа на една личност што умрела пред само неколку години во било кој случај би било исклучително сомнително. А и за каква личност се работи!
До својата смрт во 2003 година Алијев владеел со нафтоносната република повеќе од 30 години, прво како комунист, а потоа и како прв демократски претседател, при што немало промени во неговиот однос на силна рака. Ја предал власта на синот Илхам, кој ги промовира татковото и сопственото владеење преку донации со финта во сиромашни земји. Една од нив е Романија, каде неодамна Букурешт прифати ваков договор.

Блогерот Махлат го смета Алијев за „еден од најлошите диктатори на сите времиња“ и додава (српски):

Но ништо од ова не е важно бидејќи  [Јован Кркобабиќ, вицепремиер задолжен за социјални работи] изјавил дека ние не треба да „бидеме полицајци и да истражуваме што се правело во минатото. Оти за тоа не би имале време…“  — со други зборови — не е важна диктатурата, се работи за 2 милиони евра, побогу, а тоа е „пред сèе во функција на Белград и неговите жители“.

Небојша Кривокуќа се прашува (срп.) на неговиот блогзошто скоро никој од медиумите не споменува  ништо од биографијата на Алијев и заклучува:

Оти два милиони евра, очевидно, овозможуваат поприличен степен на слободи за донаторот.

И сега, ако меѓу богаташите има има такви со позабеган смисол за хумор или поинаков поглед на работите, би можел наскоро да се појави и некој кој би преуредил на пример, дел од Калемегдан, под услов да се постави статуа на Сталин! Бездруго и ние самите, како народ, го поздравуваме од време на време. А можеби би се нашол и некој побогат, што би платил за средување на Ушќе (анг.), со подигање на 30-метарска статуа добро, не мора баш на Хитлер, за кој е малку незгодно, иако тој веќе има апартман во хотел во центарот на Белград (анг.)… Но Ким Јонг Ил веќе би можел да помине – владеел доволнодалеку да не ни биде претерано важно што точно правел, зар не?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.