СООПШТЕНИЕ: Global Voices повикува на ослободување на деветте новинари во Етиопија

Zone 9 bloggers in Addis Ababa. Photo by Endalk, used with permission.

Блогерите од Zone 9 во Addis Ababa, сите затворени на 25 април. Фотографија на Endalk, користена со дозвола.

Заедницата на Global Voices повикува на ослободување на деветте новинари затворени во Етиопија.

Befeqadu Hailu, Abel Wabela, Atnaf Berahane, Mahlet Fantahun, Zelalem Kibret, и Natnael Feleke (сите членови на колективниот блог Zone 9) и новинарите Asmamaw Hailegeorgis, Tesfalem Waldyes и Edom Kassaye беа приведени на 25 април во Addis Ababa. Особено сме натажени што четири преведувачи на Global Voices — Hailu, Wabela, Kassaye и Kibret — се помеѓу приведените.

Од 2012 година, Zone 9 работи на поттикнување на граѓанско учество и критичко размислување за општествени и политички теми во Етиопија. И покрај тешките услови, тие ги користеа своите права за слободно изразување со цел да придонесат кон дијалог и дебата.

Global Voices е заедница на блогери, активисти, автори и преведувачи од 137 земји. Универзалното човеково право за слобода на изразување е темел на нашата мисија: да се известува за приказни кои не се застапени во медиумите и да се бранат правата за слободно говорење и говорење без страв. Ние сме шокирани од нарушувањето на правото за слободно изразување на нашите пријатели и сме загрижени за нивната безбедност. Не можеме да молчиме.

Блогирањето не е криминал. На 3 мај — Светскиот ден за слобода на медиумите — ние како заедница бараме од властите на Етиопија да ги ослободат нашите колеги и пријатели и сите други новинари во Етиопија.

 

Ако сакате да се придружите кон оваа изјава, ве молиме кликнете тука и додадете го вашето име или организација во нашата листа.

 

Пријатели и сојузници кои ја поддржаа оваа изјава:

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.