Белото сонце од пустината пишува за проблемите околу добивање руска виза што ги имаат британските фанови, кои сакаат да присуствуваат на финалето на Лигата на шампиони во Москва на 21 мај - тука и тука.
Воланобјави фото и видео сторија за Француските гробишта во Скопје, на кои се закопани посмртните останки на 2930 војници од Франција и нејзините колонии, меѓу кои Мароко и Сенегал, кои паднале во текот на Првата светска војна на Македонскиот фронт, познат и како Солунски фронт (1915-1918). Местото претставува историска и архитектонска знаменитост од која е овозможен прекрасен поглед на стариот дел на градот.
A Yankee-in-Belgrade ја претставува Катја, жена која „живее на парче земја од 12×80 метри надвор од Белград со повеќе од 250 кучиња, за кои се грижи самата и со помош од неколку повремени волонтери.“
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.