Малезија: Бдеење за блогерот во затвор Раја Петра

Запознајте се со случувањата во Малезија од последните неколку дена откако популарниот блогер и политички коментатор Раја Петра Камарудин, 58 годишен, во вторникот беше осуден на затвор, по судењето кое го обвини за противдржавно делување за напишан блог пост.

Ако владата на Малезија беше вистински загрижена за можното влијание на блогерите врз граѓанска непослушност, сега го постигнаа баш тоа. Запомнете, ова е земја каде секој политичар има свој блог – Џеф Ои е еден од неколкуте Малезијци кои имаат свој блог и повикуваа на реформи на неодамнешните парламентарни избори – па дури и старите јарци сега имаат свој блог.

Поранешниот премиер Махатир Мохамед има блог кој е многу читан, како и можниот иден премиер Анвар Ибрахим.

„Тие ги поставија своите блогови, а се трудат да ги затворат нашите“

Раја е еден од најјаките гласови онлајн и надвор од интернетот во Малезија, па затоа проверете го неговите изјави за човековите права по неговата осуда, објавени од влогерот Малајсиакини, малезиски граѓански медиум.

Раја Петра (или РПК) го изнесе својот случај пред парламентот, каде пратениците-блогери го нарекуваат притворањето на РПК политичко одмаздување, побарано од моменталната опозиција поради нејзината голема загуба на неодамнешните избори, избори на кои за прв пат популарни блогери добија места во парламентот, на платформа од зголемена транспарентност и пост-колонијална расна интеграција.

Како што истакнува малезиската ѕвезда, ова е првпат еден блогер да биде обвинет по Актот за противдржавно делување и РПК сега се соочува со казна од повеќе од 1500 долари и/или три години затвор. Судењето, на кое се обвини и бизнисменот Суед Акбар Али за противдржавно делување поради оставање коментар на блогот на РПК, по се изгледа е изведено без јасно одреден дел од Актот кој РПК наводно го има прекршено.

Мулти-етничката лоби група за реформи Алиран, го разгледа текстот од Актот и го искажа својот шок дека ова води до нешто повеќе од обвинение за клевета.

Од четвртокот наутро, читателите на РПК се побунија онлајн многу повеќе од тоа за што тој е обвинет, а се објави и веста дека Раја Петра е на штрајк со глад и одбива да се види дури и со својата сопруга.

По бдеењето со свеќи одржано пред затворот Сунгаи Билох на 7 мај, следуваше уште едно одржано на 8 мај во центарот на Куала Лунпур.

Фејсбук групата, која што се формираше за ослободување на РПК, денес е многу активна и на неа може да се погледнат цели сетови од фотографии, за секој што сака да постави беџ на својот блог за да покаже својата поддршка:

Беџ за поддршка 1

Беџ за поддршка 2

Беџ за поддршка 3

Беџ за поддршка 4

Во центарот на сево ова се уште е убиството на поранешниот монголски модел и полиглот Алтантија; пост од блогот на Раја Петра, кој повикува на правда за откривање на причините за нејзината смрт е објавен нашироко во последните неколку дена; еве го неговиот почеток:

Денес нема да зборуваме за политика. Исто така нема да зборуваме за раса или религија. Денес ќе зборуваме за правење човечка работа. Ајде денес да зборуваме за лансирање на „Правда за Алтантија: кампања за враќање на достоинството на Малезија.“ И ајде да ги испратиме оние кои ја убија Алтантија во пеколот, каде и што припаѓаат.

Беше испратена покана до г. Камарудин за да говори на овогодинешниот самит на Глобал Војсис, кој ќе се одржи во Будимпешта во јуни, која се уште е отворена.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.