The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

This is a Видео post
Држава:
Јапонија, Сингапур, Русија, Бразил, Австралија
Тема:
Уметност и култура, Музика, Забава
Јазик:
португалски, руски, англиски

 

Музички инструменти

Тара КалапунПочеток на музика

На интернет се шири информација за труба направена од пиперка и краставица од јапонски креатор на инструменти, па затоа ќе ви претставам и други интересни инструменти од различни места од светот. ЈуТјуб корисникот 13стрингс (профилот е моментално затворен) отворено ги повика сите да ги покажат своите рачно изработени инструменти на ЈуТјуб, а на овој повик одговорија следниве три: цел оркестар направен од рециклирани конзерви и пластични сода-шишиња, како да се изработи дидгеридо, шишиња за ветар и водени оргули. Од друго место од светот, инструмент кој можеби не е направен дома, но секако има карактеристичен звук: хурди гурди (hurdy gurdy).

Од Бразил, јамилгудис има барем 5 различни инструменти направени од лименки и шишиња.

Од Австралија, гвдидг ни покажува како Абориџините го изработуваат најверојатно најстариот дувачки инструмент, дидгеридо, со барање на каучукови дрвја кои се нападнати од термити:

Од Сингапур, еинрахсенрав дува во усогласени шишиња, се фотографира и потоа ги спојува за да ја добие Токата и Фуга од Бах:

За крај, благодарение на авиноград од Русија ни доаѓа прекрасна ритмична народна песна, отсвирена на инструмент кој никогаш претходно го немам видено, хурди гурди:

Оригинално напишан од Џулијана Ринкон Пара

Остави одговор