Стотици убиени и заглавени по колапсот на фабрика за текстил во Бангладеш

Деветкатница, претежно со производители на облека, се урна во Савар, во предградието на главниот град Дака, при што загинаа 142ца и беа повредени скоро илјада, јавувајќи загриженост за безбедносните услови во производствената индустрија во Бангладеш.

Се верува дека повеќе од илјада се се уште заробени под рушевините.

Шест различни производители на текстил работеа од третиот до осмиот кат од структурата во Савар, и најмалку 5000 луѓе се наоѓаа внатре во преполнетата зграда кога градбата попушти, утрото на 24ти април, 2013.

Оваа катастрофа се случува пет месеци откако во пожар загинаа повеќе од 100 жртви, од кои повеќето жени, во друг случај на пренатрупаност на фабрика за текстил – Tazreen Fashions.

По инцидентот, се појави растечка загриженост за безбедноста на работниците и несоодветниот систем за одговор на катастрофи во индустријата. Работниците од текстилните фабрики исто така ја изразуваат својата вознемиреност поради ниските плати.

Бангладеш е втор по големина произведувач на конфекциски производи после Кина. Меѓународните трговци Walmart, H&M, Sears, GAP, Tommy Hilfiger и многу други познати брендови нарачуваат услуги од Бангладеш, со ознака „произведено во Бангладеш“, што претставува гордост за земјата. Блогерот и новинар Арафтул Ислам мисли дека таквата гордост е доведена во прашање:

পোশাক কারখানায় আগুন লেগে পুড়ে মরে শ্রমিক, পোশাক কারখানার ভবন ধসে চাপা পড়ে মরে শ্রমিক… লাশের মিছিল এভাবেই বেড়ে চলে। আগে ‘মেইড ইন বাংলাদেশ’ দেখলে আগ্রহ ভরে কিনতাম। এখন কেমন যেন সেই লেখার মধ্যে রক্তের দাগ দেখতে পাই, মৃত্যুর আর্তনাদ শুনি।

Работници умираат во пожари во фабриките, работници умираат при уривање на фабрики… редицата на мртвите станува долга. Порано купував „Произведено во Бангладеш“ облеки со гордост. Сега, на оваа етикета гледам крв и слушам извици на смрт.

the scene after a nine-storey building collapsed in Savar

Сцената после колапсот на деветокатницата во Савар, во предградието на Дака. Фотографијата е на Фроз Ахмед. Авторски права Demotix (24/4/2013)

Нетизените го изразија својот бес на социјалните медиуми во врска со повторувањето на катастрофите на фабриките за текстил. Повеќето работници во секторот се жени. Блогерот Вашкар Абедин пишува на Фејсбук:

আহা বোন!
সুঁচ-সুতো দিয়ে কেবল নিজেদের মৃত্যু বুনে যাচ্ছো…

Ох, сестро!
Сè што шиеш е твојата смрт…

Џојдип Деј Шаплу не може да го исконтролира својот бес на Фејсбук:

এতো লাশের ভিড়ে কেউ জীবিত থাকতে পারে না। আমি আপনি সব শালা লাশ… নইলে এতো লাশ পড়তো না এ দেশে…

Никој не може да биде жив покрај сите овие мртви тела. Ние сме зомбија… во спротивно не би дозволиле да се случат толку смртни случаи…

Само ден пред катастрофата на зградата можеше да се примети пукнатина. Фабриките беа веднаш затворени. Но, знаците кои укажуваа на претстојниот колапс беа игнорирани од страна на сопственикот на зградата и тој ги отвори истите за работа на 24ти април, со што работниците беа принудени да се вратат на работа. Сумеема Јасмин Суми не може да ја прифати ваквата невнимателна одлука на управувачите:

এতোগুলো মানুষকে মৃত্যুর দিকে ঠেলে দেয়া হলো! এরকম দায়িত্বহীনতা কোনোভাবেই মেনে নিতে পারছি না।

Толку многу луѓе беа присилени на смрт. Не можам да го прифатам овој недостиг на одговорност од страна на администрацијата.

Лаки Актер, еден од водечките активисти на #Shahbag протестите пишува на Somehwhereinblog во статија со наслов „Не тагувај, туку протестирај“:

দাসপ্রথা নাকি বিলোপ হয়েছে বহু আগে কিন্তু আমরা তো দেখি দাস প্রথা নতুন ভাবে ফিরে এসেছে খুব ভয়ালভাবে, তা না হলে মৃত্যু নিশ্চিত-জেনেও শ্রমিকদেরকে পিটিয়ে পিটিয়ে কেন মৃত্যুকূপে পাঠানো হল? কেন মিথ্যা বেতনের আশ্বাস দিয়ে শ্রমিকদেরকে কারখানায় আনা হল?

Ропството е одамна укинато. Но, гледаме како ропството се врати во една нова форма. Во спротивно знаејќи дека постои смртен ризик, овие работници не би биле пратени назад во смртната зона? Дали тие беа вратени на работа со ветување на бонуси?

The rescue work  has been difficult

Луѓе од армијата и волонтери работат заедно да ги спасат заробените. Фотографија на Фироз Ахмед. Авторски права Demotix (24/4/2013)

Најголемиот дел на заработувачката од извоз во Бангладеш доаѓа од индустријата за текстил. Тамана Султана на Фејсбук пишува:

আমি লজ্জিত! একটা দেশের অর্থনীতির মূল চালিকাশক্তি যারা, তারা শয়ে শয়ে মরে গেলেও তেমন কিছু যায় আসে না। এই ঘটনা বার বার ঘটতে থাকে। বড় বড় ব্যক্তিগুলো সুখে শান্তিতে বসবাস করতে পারলেই হলো…

Засрамена сум! Оние кои се столбот на економијата во земјата умираат во огромен број, и никој не е загрижен поради тоа. Ова се повторува одново и одново. Изгледа како да се грижиме само за здравјето на богатите и моќните.

Сопствениците на фабриките или оние виновните, ретко се осудени за нивите пропусти кои водат кон огромни катастрофи. Апурбо Шохаг на Фејсбук го изрази својот бес:

এই দেশে মৃত্যু কোনো ব্যাপার না। এই দেশে সবচে’ সস্তা জিনিস হলো মানুষের প্রাণ! শুধু আজকে সাভারেই নয়, এর আগেও যখন গার্মেন্টস কারখানাগুলোতে অসংখ্য প্রাণ শেষ হয়েছে বা ভবন ধসে মানুষ মরেছে আমরা তখন শুধুই শুনে গেছি মালিকদের শাস্তি হবে। শাস্তি হয় কি না সেটা আর জানা হয় না। তবে একের পর এক সাভারের মতো ঘটনা ঘটছেই। দীর্ঘ থেকে দীর্ঘ হয় লাশের লাইন।

Смртта лесно доаѓа во оваа земја. Бидејќи најевтин е човечкиот живот. Не само денешната катастрофа во Савар, многупати имаме слушнато за несреќи поврзани со фабрики во кои одговорните, вклучувајќи ги и сопствениците, биле изведени пред лицето на правдата. Но, не гледаме дека истите се казнети. Толку огромни катастрофи се случуваат одново и одново. Телата се таложат во се поголем број.

ধ্বংসস্কুপের ভেতরে চাপা পড়ে আছে এখনও অনেকে। ছবি ফিরোজ আহমেদের। সর্বস্বত্ব ডেমোটিক্স (২৪/৪/২০১৩)

Многумина се сеуште заробени под бетонските урнатини. Фотографија на Фироз Ахмед. Авторски права Demotix (24/4/2013)

Владата прогласи ден на жалост поради таквата трагична загуба. На Фејсбук се појавија понуди за донирање на крв, и многумина побрзаа да донираат крв во Савар и на други места.

Blood donation in Shahbag Square for the injured people of Savar building collapse. Image courtesy Shahbag Movement Facebook page

Крводарителство на плоштадот Шахбаг за повредените од колапсот на зграда во Савар. Фотографија на Шахбаг движењето на Фејсбук.

Новости се испраќаат на Твитер:

@ShahbagInfo: ПОТРЕБНА Е Rh негатив крв во #Shahbag; 700 ќеси #крв се собрани тука, 500 се пратени во медицинскиот факултет во Дака и медицинскиот факултет Енам. #Savar

Волонтери за Бангладеш собраа волонтери со краудсорсинг на Фејсбук да помогнат во обидите за спасување. Повеќе фотографии од оваа катастрофа се достапни на оваа статија на Блогерот Бишкхој.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.