Фотосесијата „Биди мој роб“ на пакистански моден дизајнер наречена „расистичка“

Фотосесија за списание за колекцијата на моден дизајнер во подем, предизвика гнев низ Пакистан поради неговиот избор на дете со темна кожа кое служи како роб на модел со светла кожа.

Колекцијата со облека прикажана во репортажата „Биди мој роб“ објавена во 106тиот број на списанието Дива, е на Амна Агел, која го имаше своето деби на Пакистанската модна недела во Карачи во април 2013. Агел тврдеше дека сакала фотосесијата да разгори дебата за злоупотребата на детскиот труд, и дека таа го поддржува и едуцира младото момче на фотографиите.

Но, со ропството и расизмот како многу реални проблеми со кои се соочува Пакистан, некои ја обвинија Агел за режирање на фотографиите со намера да шокира и да стекне публицитет за нејзиниот бренд.

Во напис на нејзиниот блог Style Inn, новинарката за забава Усама Хамајун ја критикува темата со ропството:

Нејзината колекција [на Пакистанската модна недела] доби многу добри критики, и дури и на мене ми се допадна нејзината колекција. Но, од оваа фотосесија ми се гади. Да си поигруваш со толку чувствителна тема во земја каде расизмот и ропството се критични прашања, е ниту прифатливо ниту естетски задоволително, во било која смисла. Може да си напреден во модата и да ги поместуваш границите, но наведените слики се без вкус и навредливи.

A glimpse on some of the photographs in question. Image courtesy Style on Paper Blog

Поглед на некои од фотографиите во прашање. Фотографија од блогот Style on Paper

Блогерот Падаш е еден од првите кои обрна внимание на фотографијата онлајн:

Денеска, еден читател ја сподели оваа невкусна и грда реклама од таканаречен дизајнер во Пакистан. Амна Агел. Никогаш не сум слушнал за неа? Како и да е… на оваа девојка и треба сериозна доза на реалност, образование и лекција како да ги тестира нејзините реклами на пазарот!

Коментирајќи на напис во The Express Tribune за фотосесијата, „ашар“ напиша дека модната индустрија го наградува ваквото однесување:

Било која глупост која ќе ја прикажете, ќе и се восхитуваат и ќе ја прифаат. Ова е сегашноста на модната индустрија.

Ова не е прв пат како модна репортажа провоцира гнев во Пакистан. Минатата година, некои беа помалку од задоволни со фотографиите на пакистански моден бренд Сана Сафиназ, од модел облечен во квалитетна облека опкружена од носачи, или работници, а еден од мажите ја држи нејзината Луј Витон чанта.

Но, како што се случи со таа кампања, некои застанаа во одбрана на фотосесијата на Агел.

Зениа“ коментирајќи на напис на The Express Tribune article напиша дека фотографиите се базирани на реалноста:

Зошто гнев само за ова? Ова е само рефлексија на тоа како функционира нашето општество.

 

Image courtesy Style On Paper blog

Фотографија на блогот Style On Paper

На блогот Style on Paper на магазинот Paper, Заинул Абидин ги замоли тие кои се гневни поради рекламата, да се погледнат во огледалото:

Ве молам отпуштете ги сите деца кои ги имате најмено во домаќинството и да се грижат за вашите деца, и почнете да работите со вашите сопствени раце во вашето домаќинство па тогаш коментирајте.

Алина коментираше на истиот блог дека гневот е насочен во погрешна насока:

Само ако ударната линија беше поинаква, можеше да биде многу силна општествена кампања од дизајнерот за да се создаде свесност против оваа дилема… Сепак, се смета за провокативна. Моралната корупција е незамисливо висока во нашето општество. Не гледам само ропство на овие слики, но гледам и контраст, трагедијата на ладното и апатијата на богатите кон сиромашните. Во земја како нашата, срамота е да се носат големи дизајнерски брендови каде сиромашните имаат незамисливо растурени животи, а богатите уживаат во врвен луксуз без никаква вина. Како и да е, било која револуционерна промена е тешко да се посведочи наскоро, па која е поентата. Пишувајте уште коментари за тоа како го МРАЗИТЕ дизајнерот. *воздивнување*

Но, Камран Хашми не е убеден:

Се смета за провокативна? Дали вие луѓе сте полуделе? Таа продава ОБЛЕКА користејќи шокантна и ужасна форма на „изразување“. Што е уште полошо е тоа дека користи црно дете како нејзин пион. Како точно таа коментира за „нејзиното“ општество? Ова е дефинитивно без одбрана и најглупавата форма на реклама која некогаш сум ја видел во мојот живот.

На Твитер, психолошкиот лингвист Итикар Фирдоус (@IftikharFirdous) ги нарече фотографиите „одвратни“:

@IftikharFirdous@abbasnasir59 Вознемирувачко е, вознемирувачко поради фактот дека ако уметноста е загадено со такви „несвесни“ стереотипи – што е следно? @rabayl

Игра Шоукат (@iqrashoukat) не е фан ниту на темата на фотосесијата:

@iqrashoukat#aamnaaqeel целен пазар: Луѓе кои поддржуваат расизам, ропство и одвратна смисла за хумор. #racism #slavery

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.