Истиот ден, откако смртниот биланс од рушењето на фабрика на 9 ката во Савар, во предградието на главниот град на Бангладеш, Дака, се искачи на 1.055, правејќи го сега најсмртоносното рушење од терористичките напати на 11 септември, работничка по име Решма Бегум беше најдена жива откако 17 дена била заробена во рушевините.
Бегум работела на вториот кат од зградата како оператор за шиење. Како што зградата се срушила, 24 годишната девојка била заробена во џамија во подрумот и преживеала 416 часа таму, дишејќи преку цевка и хранејќи се со бисквити од ранците на мртвите колеги.
Првите неколку дена откако структурата се сруши на 24 април 2013, 2.428 луѓе беа спасени од срушената зграда. Надежта дека ќе бидат пронајдени други преживеани во рушевините, брзо бледнее.
Бегум изјави за една новинска агенција:
আমি ১৭ দিন পানি খেয়ে বেঁচেছিলাম। ভবন ধসের পরপরই আমি ভবনের নিচে আটকা পড়ি। পরে বাঁচার জন্য ভবনে অবস্থিত নামাজ ঘরে চলে যাই। উদ্ধারকারীরা ওপর থেকে নানা সময়ে বোতলজাত পানি পাঠান। আমি সেখান থেকে দুই বোতল পানি সংরক্ষণ করে রাখি। সেই বোতলের পানি আমি প্রতিদিন অল্প অল্প খেয়ে জীবন বাঁচাই।
Преживеав главно пиејќи вода. Бев заробена веднаш откако се сруши зградата. Брзо отидов во собата за молитви за да избегам. Спасувачите спуштаа вода внатре, во различни времиња. Успеав да соберам 2 шишиња и преживеав со нив сите овие денови.
Чудесното преживување на Бегум предизвика мешаница кај многумина. Слушајќи ги добрите вести, блогерот Ашраф Шишир (@ashrafshishir) напиша:
@ashrafshishir: অনেকদিন পর বাচ্চা ছেলের মতো কাঁদলাম। এইমাত্র রেশমী অথবা রেশমাকে জীবন্ত উদ্ধার করা সম্ভব হয়েছে!…
Развојниот работник Шахана Сидиќи (@shahanasiddiqui) се трудеше да не заплаче од среќа. Таа твитна:
@shahanasiddiqui: Ги задржувам солзите како што читам за чудесното спасување на Решма! Времиња на радост, времиња на гордост #Bangladesh #savar.
Бароницата Саједа Хусаин Варси (@SayeedaWarsi), постар државен министер за надворешни и државни прашања на Обединетото Кралство, откако ги слушна вестите за спасувањето на Решма, одговори:
@SayeedaWarsi: Инзвонредни и инспиративни сцени на спасување на млада жена по 17 дена откако се сруши зградата во #Savar. Зрак на надеж, насред трагедија.
Aсиф Тухид, маркетинг професионалец, напиша на Фејсбук:
Решма … Драга сестро, твојата смелост да останеш жива ме инспирираше и ми ја врати вербата во моите луѓе.
Новинарот Камрул Хасан (@_Kamrul_Hasan_) им се заблагодари на работниците кои напорно работеа за да ја извлечат Бегум жива:
@Kamrul_Hasan: এভাবেও ফিরে আসা যায়! অভিনন্দন বেশমা, আপনি বেঁচে থাকুন। অনেক অনেক ধন্যবাদ বাংলাদেশ সেনাবাহিনীসহ সকল উদ্ধারকারীদের।
@Kamrul_Hasan: Дури и ова е возможно! Честитки Решма, остани жива и здрава. Голема благодарност до спасувачкиот тим на армијата на Бангладеш за нивните напори.
Улогата на медиумите беше доведена во прашање откако тие се нафрлија кон спасената Бегум и се обидоа да ја интервјуираат. Новинарот Tанвир Ахмед ги повика неговите колеги на Фејсбук:
আপাতত উদ্ধারকর্মী আর চিকিৎসকদের সাক্ষাতকার নিয়ে তৃপ্ত থাকুন। এতদিন রেশমা কি খেয়ে বেঁচে ছিলো, তার জামা কাপড় এতো পরিস্কার কেন? এসকল প্রশ্নের চেয়ে মেয়েটির এখন শুধুই প্রয়োজন চিকিৎসা সেবা।
Ве молам бидете задоволни со интервјуата од спасувачите и медицинскиот тим. Не мачете се да прашувате како преживеала толку денови. Зошто нејзините алишта не се искинати? Наместо да ги одговара овие прашања, неа и е потребна итна медицинска помош.
Индустријата за шиење облека е најголемиот извозник во Бангладеш, па во очите на многумина, колапсот на зградата е негативно портретирање на Бангладеш. Имајте го ова на ум, Aбу Максуд ја направи Бегум лицето на Бангладеш во напис на Фејсбук:
১৭ দিন ধরে ধ্বংসস্তুপে বেঁচে ছিল বাংলাদেশ। রেশমা- বোন আমার অন্ধকূপ থেকে তুমি ফিরে এসেছ, তুমি দেখিয়েছ বাংলাদেশ বেঁচে থাকে, ধ্বংসস্তুপেও বাংলাদেশ বেঁচে থাকে।
Бангладеш преживеа 17 дена под рушевините. Сестро Решма – се врати од дупката на мртвите. Покажа дека Бангладеш преживува дури и под рушевините.
Зафар Собхан, уредник на Дака Трибјун, направи интервју со австралискиот веб-сајт News.com.au:
Решма го претставува најдоброто од Бангладеш, отпорноста на нацијата во лицето на неверојатни тешкотии, нејзината храброст, сила, решителност никогаш да не се предаде без оглед на тоа кои се шансите.