Цензура на српските блогери кои ги критикуваат недостатоците при борбата со поплавите

The image accompanying the unified blog post on many Serbian blogs states: "Don't let them flood you." Image widely circulated on blogs and social networks.

Сликата објавена на заедничкиот блог-пост на многу српски блогови со текст: „Не дозволувај да те поплават“. Сликата многу се споделува по блогови и на социјалните мрежи.

Во втората половина на мај 2014 година Србија беше тешко погодена од поплави во најголемата природна катастрофа во регионот во последниот век. Покрај тоа што катастрофалните поплави уништија сè непознат број човечки животи и домови, поради нив на виделина излегоа и притисокот и цензурата кои тековната власт, предводена од Српската напредна партија (СНС) ги насочува кон медиумите. 

Блогери, новинари и корисници на Интернет на кои им се важни нивните права се здружија по поплавите со своја поплава – еден заеднички блог пост (на српски) со кој го дигаат гласот против цензурата и политичкиот притисок врз медиумите, кој беше објавен и реобјавуван на десетици блогови од Србија за помалку од еден ден.

Со избликот на поплавата, по која неколку српски градови останаа под три или повеќе метри вода, Владата на Србија воведе вонредна состојба. Освен помагањето при евакуацијата на поплавените области и наводното овозможување на подобро функционирање на владата, вонредната состојба исто така на властите им дава дополнителни моќи, како притворање лица за „предизвикување паника во текот на вонредна состојба“.

Штом корисниците на Интернет почнаа да коментираат и споделуваат информации преку социјалните мрежи и блогови за поплавите, дел од нив исто така го критикуваа тоа што Владата не издаде навремено предупредување за природна катастрофа од овој обем и нејзините слаби реакции во некои области.

Поради вонредната состојба, некои корисници на социјални медиуми биле приведени на информативен разговор од полицијата под сомнение дека „предизвикуваат паника“ со нивните критики на напорите на властите за намалување на штетата од поплавите.

Оригинално напишан и објавен од навидум мала група организирани блогери кои намерно почнаа да го шират преку веб, постот прво се појави на 24 мај2014. Веднаш потоа брзо се прошири меѓу корисниците на социјалните медиуми од регионот и преку сега многу популарниот хаштаг на Твитер – #ulicecenzuri („во лице на цензурата“). За само еден ден страницата на Фејсбук за движењето собра скоро 800 лајкови. (И над 1700 3 дена потоа.) 

Виралниот пост насловен „Во лице на цензурата“ со поднаслов „Бидејќи не можете сите да нè уапсите или прогласите за луди“ почнува вака:

U danima kada, usled nemara, nesposobnosti i neodgovornosti vlasti, hrabri i humani građani preuzimaju funkcije države i pomažu unesrećenima iz poplavljenih i ugroženih područja – vlast troši vreme i energiju na kršenje slobode izražavanja, napadajući i gaseći internet stranice koje pozivaju na odgovornost.[…]

U nedostatku snažne parlamentarne opozicije, uz mali broj štampanih i elektronskih medija koji kritikuju vlast, vlada Aleksandra Vučića i njeni pomagači napadaju kritičku misao na internetu, gušeći slobodu izražavanja. Suočena s neugodnim pitanjima i činjenicama koje joj ne idu naruku, vlast pribegava sili, čime dokazuje da nema argumente kojima bi odbranila svoje postupke.

Во деновите кога, заради небрежност, неспособност и неодговорност на властите, храбрите и хумани граѓани ги преземаат функциите на државата и им помагаат на жртвите од поплавените и загрозени подрачја – власта троши време и енергија на кршење на слободата на изразување, напаѓајќи и гасејќи интернет-страници кои бараат одговорност…

[…]

Во недостаток на силна парламентарна опозиција, со мал број печатени и електронски медиуми кои ја критикуваат власта, владата на Александар Вучиќ и нејзините помагачи ја напаѓаат критичката мисла на Интернет, гушејќи ја слободата на изразување. Соочена со непријатни прашања и факти кои не ѝ се допаѓаат, владата применува сила, докажувајќи дека нема аргументи за да ги оправда своите постапки.

Постот исто така споменува некои од веб-страниците и написите кои претходно биле тргнати од Интернет и додава дека блогерите и новинарите „се принудени да претпостават дека слични примери на цензура ќе има и во иднина“. Англиски превод на посто е достапен на веб-сајтот Balkanist.net

Некои поголеми групни блогови или веб-сајтови со независни корисници, како оној на српскиот дневник Блиц, ги симнаа реобјавените постови или ги закопуваат длабоко во архивите, можеби надевајќи се дека прашањето ќе биде заборавено. Еден корисник на делот за блогови на приватната мрежа за вести и медиуми Б92 го репродуцираше постот на неговиот блог и твитна:

Првиот текст од мојот блог кон кој Б92 не линкуваше од нејзината насловна страница #uLiceCenzuri Во лице на цензурата | B92 Blog http://t.co/LS42j54P1X

Многу блогери и новинари ги додадоа своите имиња на долгата листа потписи на крајот на постот, а други како Сандра Кравиц Симоновиќ исто така додадоа и неколку свои зборови на блог-постот при преобјавувањето на своите лични блогови. Кравиц Симоновиќ го претстави репродуцираниот пост со следниот вовед:

Ovo nije prvi put da se na ovom blogu piše o cenzuri. Nažalost, moram dodati. Prvi put, povod je bio brisanje odgovora novinara BBC-a novinarki Kurira, koji je volšebno nestao sa blog platforme sajta B92. S obzirom da je moj blog nezavisni medij koji ne finansira niti jedna politička partija, imam punu slobodnu da samustupim prostor odgovoru i objavim ga u celosti.

Šest meseci kasnije, stanje po pitanju cenzure medija u Srbiji ne da se nije promenilo, nego je, rekla bih, postalo sve gore. Kao da svakog dana nestane po jedan tekst, pažljivo se biraju komentari koji će biti objavljeni po mainstream medijima, a u poslednjih nekoliko dana za vreme trajanja vanredne situacije u Srbiji stvari su otišle još dalje.

Ljudi su pozivani na saslušanja u policiju zbog svojih tekstova na društvenim mrežama. Povod za saslušanja bilo je “širenje panike na društvenim mrežama”, što je regulisano Krivičnim zakonikom Srbije (Glava 31, KRIVIČNA DELA PROTIV JAVNOG REDA I MIRA, član 343, stav 1 i 2), za šta je zaprećena kazna zatvora od 3 meseca do 3 godine i novčanom kaznom (stav 1), odnosno od 6 meseci do 5 godina i novčanom kaznom (stav 2).

Ова не е прв пат на овој блог да се пишува за цензурата. Морам да додадам, за жал. Првиот пат, повод беше бришењето на одговорот на новинарот на ББЦ на новинарката на Курир, кој волшебно го снема од платформата на сајтот Б92. Со оглед на тоа што мојот блог е независен медиум кој не го финансира ниту една политичка партија, имам целосна слобода да отстапам простор на одговорот и да го објавам во целина.

Шест месеци подоцна, состојбата во врска со цензурата во Србија не само што не се промени, туку би рекла дека стана многу полошо. Како секој ден да снемува по некој текст, коментарите кои ќе се објават по мејнстрим медиумите се одбираат внимателно, а во последните неколку денови во времетраењето на вонредната состојба во Србија работите отидоа уште подалеку.

Луѓе се повикувани на сослушување во полиција заради нивните текстови на социјалните мрежи. Повод за сослушувањата било „ширење паника на друштвени мрежи“, што е регулирано со Кривичниот законик на Србија (Глава 31, Кривични дела против јавниот ред и мир, член 343, став 1 и 2), за што се заканува казна затвор од 3 месеци до 3 години и парична казна (став 1), односно 6 месеци до 5 години и парична казна (став 2).

Новоизбраниет премиер Александар Вучиќ, кој претходно беше заменик премиер, од претходно има користено репресивни мерки против медиумите. Во текот на предизборната кампања во февруари 2014 година, тимот на Вучиќ реагираше на пародично видео со него на тој начин што побарал неколкуте негови копии да бидат тргнати од Јутјуб. Тие наводни исто така отстраниле и неколку лични веб-сајтови кои овозможија корисниците на интернет да го симнуваат видеото.

Друг популарен хаштаг покрај #uLiceCenzuri е #ZatvorUp, кој ги комбинира зборовите затвор и популарната наставка „ап“ која се користи за промотивни акции на Твитер. Очигледно, наспроти тоа што српскиот судски систем е озлогласен по својата спорост и по преполнетите затвори, луѓето велат дека би биле спремни да ризикуваат затвор во одбрана на нивната слобода на изразување во земја на која очајно ѝ се потребни реформи, владеење на законите и опоравување.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.