Шпанија: Генерален штрајк по само 100 дена од формирањето на влада

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.

По кратењата во социјалните услуги, образованието, истражувањето и развојот, здравството, обновливата енергија и пред се, таргетирањето на работниците со новата Трудова реформа која го олеснува нивното отпуштањето и ги ослабува нивните права, а во исто време им помага на работодавците, главните шпански синдикати, денеска на 29 март 2012, повикаа на генерален штрајк со цел да ја парализираат државата и да ја присилат и одвратат владата да ги имплементира овие мерки.

Соочена со високи стапки на невработеност, со повеќе 5,000,000 Шпанци без работа, владата воведува дерегулирачки мерки кои, како што се виде во Ирска, не ги даваат посакуваните резултати.

Групи поврзани со #15M, најпознатото шпанско социјално движење во последно време, истотака го поддржуваат генералниот штрајк давајќи му поинклузивен  изглед и со тоа ублажувајќи ја „лошата слика“  која синдикатите ја имаат во последните години. Овие колективи повикуваат на 99% на штрајк  и апелираат до граѓаните сами да се организираат.

Сите овие повици за акција можат да се видат на следнава интерактивна мапа:

Возможно е да се следи генералниот штрајк користејќи ги податоците за побарувачката на електрична енергија низ земјата, според теоријата дека ако побарувачката опадне тоа би значело дека штрајкот привлекол поголем број на учесници. Истотака, беше повикано и на штрајк со глад и беше апелирано до граѓаните да не консумираат ништо на денот на штрајкот, предлог за чија успешност и излезност ќе покажат наредните денови. Следи видео за повикот на штрајк со глад:

Во првите неколку часа од штрајкот на 29 март, веќе имаше неколку конфронтации помеѓу пикетите (група на луѓе кои не дозволуваат никој да влезе на работното место) и работниците и полицијата за спречување безредија, која како и обично не носеше видливи знаци по кои би можела да биде распознаена. На следново видео може да видиме како претставникот на Андалузискиот парламент, Хозе Антонио Кастро го осудува ова:

Попладнево и вечерва, масивни демонстрации беа свикани насекаде низ земјата, а ние ќе продолжиме да обезбедуваме  информации за настаните на денот. Исто така, може да го следите штрајкот на Твитер користејќи го хаштагот #enhuelga.

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.