Индија: Видеа за растењето во Индија

Adobe Youth Voices Logo

Логото на Adobe Youth Voices

Благодарение на програмата Adobe Youth Voices, младите од цел свет имаат можност да испробаат аудиовизуелна опрема за да ги раскажат своите приказни од нивна гледна точка. Така е во Индија, каде што младите од многу училишта и од сиромашните предградија снимија кратки видеа за да покажат на светот  што ги опкружува и кои се нивните грижи. Прво, едно видео го покажува различното однесување кон момчињата и девојчињата во Индија. Едно друго видео ги опишува тешкотиите со кои се судрува една девојка која мора да работи  во куќата, а нема време да ги напише домашните задачи за на училиште, друга приказна е за едно момче чии родители го казнуваат ако пропушти само еден час и потоа веднаш почнува да пуши под притсок на неговите другари (преводот е на англиски јазик).

Првото видео Freedom (Слобода),  е  опишано од Мера Сина (Meera Sinha) на нејзиниот блог  Една година во Индија:

Интересна забелешка: 17 годишната Мубин беше предводник на Freedom,  а јас веќе пишував  за неа (таа е главната улога во ова видео) овде. Кон крајот на видеото, ќе забележите една жена која ја прашуваат зошто повеќе го сака синот од ќерката. Запаметете дека во ова интервју Мубин ги поставува прашањата, а нејзината мајка одговара на нив.

Ако претходното видео ни даде слика за девојка која ги врши сите работи и во куќата и за во училиште,  следното видео, снимано од училиштето Ведик Канија во Делхи, ги покажува педагошките предности од ваков живот, каде што девојките имаат двојна одговорност и како недостатокот на време за пишување домашни работи може да влијае на нивните оцени :

Ова последно видео на Државното училиште Ноида во Делхи ни прикажува машка перпектива за растењето во Индија, фокусирајќи се како пушењето кај младите предизвукуваа проблеми со родителите и притисоци во друштвата.

Можете да видите голем број видеа снимани од млади на сајтот  Adobe Youth Voices, каде што можете да пребарувате информации за регионот и да се информирате не само за животот во Индија, туку и за младите во Сенегал и Јужна Африка, како и за младите од САД, Канада и Велика Британија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.