Кавказ: Социјални медиуми, поделеност и невообичаена слога на Евровизија

И покрај тоа што на 27 мај второто полуфинале од годинешниот натпревар за песна на Евровизија во Осло, Норвешка, дојде и си замина, Твитер сепак, остана да живее од почеток до крај, од многубројните коментари и ажурирања. Годинешниот интернационален натпревар, остана повеќе забележен по неговите нападни и кич настапи, отколку по неговата музика, а е гледан од над 100 милиони луѓе ширум светот. Евровизиското онлајн присуство е секако далеку од големо, но се повеќе му се придава значење.

Евровизиските блогови, стануваат клучни за резултатите од натпреварот, но како што второто полуфинале беше господствувано од трите изведби на Јужен Кавказ, така беше и од Твитер. Давајќи пример за употребата на социјалните медиуми за манифестацијата, објавувањата од Азербејџан и Грузија беа прилично забележливи онлајн. Евровизиските експерти од регионот, имаа прилично среќа да следат твитови за сите настапи во живо, кои се ажурираа со голема брзина, од профилот на џез пејачката Улвија Рахимова, член на тимот на националната азербејџанската делегација за настанот.

Тензиите се зголемуваа и прераснуваа во конкуренција, која многумина ја сметаа за безначајна, особено помеѓу Ерменија и Азербејџан кои се сè уште заглавени во конфликт, во врска со спорната територија Нагорно-Карабах. Минатата година на пример, евровизиски скандали немаше само помеѓу Русија и Грузија, туку исто така и помеѓу Ерменија и Азербејџан. Но, во време кога многу земји се прашуваат колку пари се потрошени за нивното учество во Евровизија, можноста да купат простор во интернационалниот центар на внимание, нема да го пропушти ниедна од овие 3 земји од регионот.

Со двајца блогери во затвор, имаше обиди да се поврзат гласовите за Сафура директно со властите во Баку на некои ерменски Фејсбук страници, но годинешниот натпревар беше спроведен без негативните влијанија од минатогодишниот натпревар. Обидот да се поврзе Сафура со политиката, беше неверојатно сличен со случајот на Ерменија од 2008-ма со Сирухо, која е сега мажена за синот на бившиот претседател, кој им нареди на полицијата и војската да употребуваат прекумерна сила во пост-изборните конфликти, што резултирало со 10 мртви, а било проследено со горко оспорувани претседателски избори, неколку месеци пред тоа.

Потоа, пејачката беше ставена на црна листа од страна на владините критичари, а опозицијата поттикна бојкот за натпреварот. Очигледно неколкумина го поддржале таквиот приод, а двата отуѓени соседи, се чини го поддржаа посакуваниот евровизиски дух.

Во други околности критичари на органите на власта во Баку, ја тргаат политиката настрана од Евровизија.

Всушност, манифестацијата беше засенета од критицизмот на непотврдените вести од руските медиуми, дека Азербејџан потрошила значително повеќе за настапот отколку за нивните натпреварувачи или дека владата во Ерменија им се јавувала на етничките Ерменци, кои живеат во дијаспората за да гласаат за нивниот евровизиски претставник. За првпат, изненадувачки е што повеќето коментари се однесуваа на фактичкиот натпревар. Секако, Евровизијата повеќе се гледа заради забава отколку поради некаков музички талент, а евровизиските експерти во Кавказ имаа среќа да ја имаат покрај многуте другите и Scary Azeri, која објавувала многу непристојни твитови во врска со полуфиналето.

Поделеноста на мислењата околу ерменската евровизиска претставничка Ева Ривас, која ја испеа „Камен со боја на кајсија“ (Apricot Stone), како и обидите да ја споредуваат со Анџелина Џоли, останаа значително забележани.

Во врска со Евровизиското финале, повеќето eвровизиски коментатори се согласуваат дека надминувањето на разликите помеѓу трите држави, го направија Кавказ доминантен на второто полуфинале. Освен тоа, aзербејџанската претставничка Сафура веројатно ќе остане една од двата најголеми фаворити, покрај германската претставничка Лена. Сепак постои голема поддршка и за ерменската претставничка Ева Ривас и грузиската Софо Нижараѕе кои особено импресионираа со убедливо едни од најдобрите вокални изведби вечерта.

Воедно, и Сафура Ализаде е корисник на социјалните медиуми и таа веднаш им испрати благодарница на нејзините поддржувачи, преку Твитер и ЈуТјуб.

Она што е најбитно, е дека Ерменија, Азербејџан и Грузија беа значително способни да ги тргнат нивните разлики настрана. Тоа е навистина ретка појава, ќе забележат регионалните аналитичари, но појава која соодветствува со посакуваниот евровизиски дух. Глобал војсис им посака среќа на трите натпреварувачи во евровизиското финале (кое се одржа на 29ти мај). Во продолжение се видео записите од нивните настапи во второто полуфинале.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.