Тајван: Премостување на дигиталниот јаз со Пункар

Иако Тајван е добро развиен и луѓето уживаат во релативно еднакви можности во споредба со други региони од светот, дигиталните разлики помеѓу урбаните и руралните области се сѐ уште големи. На островот се спроведуваат неколку проекти со цел да се измени овој тренд. Проектот за рециклирање и пренесување на користени компјутери [zh], финансиран и спроведуван од Управата за заштита на животната околина, на пример, собира, поправа и испраќа користени компјутери на оддалечените области и училишта. Дигитална комуникација, основана од фондацијата Чунгва Телеком, иста така ги претставува ресурсите за дигитално учење во сиромашните заедници.

Секако, недоволно е да се има компјутери и интернет пристап кога на луѓето им се потребни основни вештини за користење на технологијата. Со цел да им се помогне на луѓето од оддалечените села и племиња да ги научат и разберат интернет алатките и апликациите, како блоговите, Твитер, Гугл мапи, Фејсбук итн., Асоцијацијата за дигитална култура од Тајван (АДКТ) [zh] започна нов проект наречен „Пункар“.

комбе

Оваа 10 годишна кола на старо, иако може да постигне само 80-90 километри на час, е добро опремена со камери, компјутери, преносливи соларни панели итн. Во мај 2008, волонтери поминаа три викенда организирајќи курсеви во пет оддалечени села и племиња во јужен и источен Тајван.

Учесници на настанот

Учесници од различни старосни групи собрани во комуникацискиот центар за настанот.

Еден од локалните учесници А-шан го евидентираше настанот на нејзиниот блог [zh]:

Тим (директорот на АДКТ), стои на сцена, се претставува и објаснува што е тоа блог, како да се користи и што може да се направи.
[…]
Учесниците ги помрднуваат глувчињата, го повторуваат наученото и се обидуваат да се подобрат чекор по чекор.

Хилсу, кој се приклучи на турнејата во втората недела, го пренесува своето искуство [zh] со „Пункар“:

Научив толку многу работи при интеракцијата со овие деца. Искуството влијаеше на моите стари навики и мислења. Всушност ние поминувавме само неколку часа со нив и ги учевме како да ги користат онлајн мапите и блоговите, но искочи дека ние научивме повеќе од нив.

Квез, возач и фотограф на проектот „Пункар“, нуди комплетна галерија на неговиот Фликр албум.

Учесници во проектот како користат компјутери

Тим Шуи, директорот на АДКТ, вели [zh] на блогот на „Пункар“:

„Пункар“ ќе регрутира уште членови со пасија и вештини и ќе дизајнира поинтересни и попрактични програми за интернет учење. Ние посетуваме различни села, ги користиме постоечките објекти и помагаме во решавање на проблемот со недостатокот на вештини. Низ турнејата, „Пункар“ ќе ги разледа економските карактеристики на овие рурални средини и ќе им овозможи поволни ИТ совети и поддршка.

Проектот „Пункар“ ќе трае најмалку три години. Со искуството од мај, „Пункар“ ќе биде повторно на пат во јули. За повеќе детали, контактирајте го АДКТ на adst.pro AT gmail.com.

Фотографиите се под Криејтив комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.