Југоисточна Азија: Серија од големи катастрофи

Деструктивен циклон во Мјанмар. Кинескиот земјотрес, кој беше почувствуван во Ханои и Бангкок. Два земјотреси на островот Суматра, кои ги потресоа Индонезија и Малезија. Силен тајфун кој уништи многу градови во северните делови на Филипини.

Во последниве месеци, југоисточна Азија ја погодија природни катастрофи во кои илјадници животи беа изгубени и уништени милиони домови.

Блогерот Лин Ленг Ланг вели:

„Ах, супер тажно ах. Што по ѓаволите се случува со Азија?“

Мјанмар сѐ уште страда бидејќи циклонските бегалци имаат недостаток на храна и се шират болести. Неспособноста на хунтата е уште една катастрофа која ја влоши ситуацијата во опустошените региони од циклонот во Мјанмар.

Можеби властите на САД беа во право кога ја обвини хунтата за запоставување со блокирање на големи количини на интернационална помош за жртвите од циклонот. Или како што рече премиерот на Сингапур, „Мјанмар се плаши да дозволи влез на помошта од странските агенции, бидејќи со тоа би се покажало дека владејачката хунта е неспособна да се справи со катастрофата.“

Поради однесувањето на хунтата, Ендор дунген верува дека светот бил во право за песимизмот кон давањето помош за Мјанмар. навистина е неверојатно дека три недели поминаа пред лидерите на Мјанмар да дадат јавна изјава за катастрофата од циклонот. Повеќе од 100 000 луѓе загинаа, а генералот Тан Шве успеа да го сокрие тоа. Во други држави лидерите ќе беа отстранети од власт.

Веродостојноста е важна за владата да биде ефективна во справување со катастрофи. Помошта нема да пристигне брзо ако режимот се согледува како тирански. Мислењето на Ас Зевт Ас Ит Гетс е вообичаено денес:

„Сега сум сигурен дека секој од нас има дарежливо срце и силно посакува да допринесе на некој начин за да им помогне на жртвите од скорашните катастрофи во Кина и Мјанмар. Меѓутоа, сакам да кажам дека треба да бидеме внимателни на кои канали придонесуваме. Доколку сакате да потпомогнете на било кој фонд за помош на Мјанмар, прво уверете се дека организација оди директно во земјата за да им помогне на жртвите, а не само да им ги префрлува пари на владината хунта.“

Многу блогери од регионот не ја фаворизираат хунтата. Јере-иамватиам од Сингапур пишува:

Целта на владата е да владее со луѓето, да им ги подобри животите, да се грижи и да ги заштитува луѓето. Она што го направи владата на Мјанмар е тотално непочитување за животите на своите граѓани. Со задржувањето на помошта и недостигот на брз одговор за катастрофата, тие ги убиваат своите луѓе.

Блогерот од Филипини, Под сонцето додава:

„Каков тип на влада ќе ги стави своите себични интереси пред граѓаните во време на голема криза, кога единствениот избор е помеѓу животот и смртта?“

Со тоа што Тајван е во зона склона кон земјотреси, постои нов закон со кој се задолжува сите нови згради да бидат отпорни на земјотрес. Реагирајќи на скорешниот земјотрес во Кина, кој беше почувствуван во Бангкок, блогерите се прашуваат за безбедноста на старите згради и облакодерите.

Крунчи се прашува за чекорите имплементирани во Малезија за заштита од идни јаки потреси:

„Дали куќите во Малезија се изградени да издржат дури и мал земјотрес? Дали постојат насоки за градителите кои можат да се следат со цел зградите да издржат потреси повеќе пати и низ целата година? Со ставот ‘тидак апа (не е важно)’ и одредени луѓе кои се грижат само за своите џебови, се сомневам дека овие работи добиваат внимание се додека нешто големо не се случи. Што мислите? Дали сум премногу параноичен?“

Многу денови, медиумите не известуваа за направената штета од силниот тајфун во северниот дел од Филипините. Дури и владата на почетокот не беше свесна за степенот на разурнувањето. Филипинскиот претседател беше на нуркање во централниот дел на Филипини ден откако тајфунот ја напушти државата.

Сајтот на блогот Дарлин пишува за ситуацијата на едно од провинциите погодена од тајфунот:

„Тајфунот Косме уништи околу 700 000 домови, погодувајќи најмалку 38 000 фамилии. Овој непријатен настан не им остави друг избор на жителите освен привремено да се сместат во центрите за евакуација. Косме исто така предизвика лизгање на земјиштето, со што повеќе патишта беа затворени и предизвика поплави, кои ги уништија фармите.“

Странгели оут оф плејс беше шокиран:

„Следниот ден, Канделарија изгледаше многу поразлично. Сите електричните кабли беа на земја. Големите дрва на багрем и манго беа врз куќите и зградите. Некои од прозорците на црквата, школото и јавната библиотека беа искршени. Скоро насекаде можеа да се видат куќи без покриви. Некои од постарите градби изгледаа како картонски кутии на земја. Градот беше, ја цитирам мајка ми, „екстремно разорнат“.“

Фотографии од уништувањето на тајфунот во најлошо погодените области беа поставени на Харвест ис грејт. Норден Филипин Тајмс ја напаѓа владата поради неактивноста:

„Секоја година, владините претставници велат дека за време на сушните месеци тие превземаат постојани мерки за евентуални невремиња, со цел да се подготват за дождливите месеци. Но секогаш кога тајфун ќе погоди, повеќето владини претставници се неспремни додека патиштата се затворени и телефонските линии не работат. Програмите за контрола на катастрофите или нивно раководење се реактивни, не проактивни.“

Наташа лавс нодлс го коментира земјотресот во Кина, циклонот во Мјанмар и тајфунот во Филипини. Министерот за надворешни работи на Сингапур одржа говор за потребата од интернационална соработка за да му се помогне на Мјанмар. Помош може да се пружи и на другите држави од регионот:

Ние во АСЕАН не можеме да ја завршиме оваа работа сами. Потребите на Мјанмар се далеку поголеми од она што Мјанмар и АСЕАН можат да го понудат. Токму поради ова АСЕАН и ОН заедно ја одржаа оваа донаторска конференцијата. Ние во АСЕАН можеме да одиграме малку повеќе од само олеснителна улога во зголемување на довербата и соработката помеѓу интернационалната заедница – која ги има капацитетите – и владата на Мјанмар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.