Еквадор: Амазонските племиња наспроти нафтата

Утро во Амазон

Утро во Амазон… од марк6, користена според Криејтив комонс лиценца

Огромниот интерес за богатствата на Амазон е една од причините за на 23 мај на интернет да се распространат фотографии , кои покажуваат членови на изолирано племе во Амазон како стрелаат кон авионот на фотографот. Меѓутоа, за некои организации, Амазон никогаш не бил далеку од нивните мисли и во овој пост ќе видиме неколку видео од Амазон Воч, а некои од нив беа прикажани на Витнес во изборот на уредниците на Хаб.

За почеток, видео кое го покажува степенот на штетите предизвикани од раководството на одделот за токсичен отпад на нафтената компанија Чеврон Техако, која со години го загадува амазонскиот басен во Еквадор. Во следното видео, група од сиромашни луѓе раскажува за своите здравствени проблеми, рак и нивната тужба против Чеврон Техако, во која бараат компанијата да чисти после себе.

Потоа, раководителот на Хуб, Крис Мајкл ги избра следниве две видеа. Првото, анимација која ја исмејува корпорациската пропаганда и покажува различна перспектива за катастрофата со токсичниот отпад во Еквадор, поканувајќи ги гледачите да дознаат повеќе за судењето, за Чеврон Техако во Еквадор и им одговара на нивните тврдења дека тие постапувале според законот и не биле причина за катастрофата, а воедно дава слика и за штетите од нафтеното експлоатирање во амазонскиот басен на Chevrontoxico.com.

Следново видео ја прикажува приказната за тоа како лидерите на племињата сѐ уште се борат да спречат идни вакви катастрофи и инсистирањето на владата на Еквадор да ја даде под наем земјата каде се сместени резерватите на изолираните племиња за нафтена експлоатација, не само без одобрување од племињата туку и наспроти нивното отворено негодување.

За крај, независен документарец, кој може слободно да се преземе, наречен Правда сега: Луѓето се борат против нафтата. Потоа следи, краток извадок од филмот, кој покажува дека најголемиот нафтен резерват лежи под најразновидниот биолошки регион во Амазон, Јасуни резерватот во Еквадор:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.