GlobalVoices на Повеќе информации »

Бермуди: Имиџот е важен

ПреводиОвој пост е достапен и на:

Italiano · Bermuda: questione di immagine ?
Español · Bermudas: La imagen cuenta
繁體中文 · 百慕達:如何提升國家形象
简体中文 · 百慕大:如何提升国家形象
English · Bermuda: Image Matters

Бермудската блогосфера оваа недела зборуваше за одлуката на премиерот да најми фирма за јавни односи за да го подобри интернационалниот имиџ на Бермуди, кој од неодамна е нарушен почнувајќи од нападот на владејачката партија на слободата на печатот па до недостигот на транспарентност при изборните реформи и слободата на информации. Сево ова уште повеќе се истакна со неодамнешното прекинување на парламентарната дебата од страна на премиерот, додавајќи дека владата ќе го прави истото „секој пат кога има импликација или инсинуација за нешто неправедно или корумпирано“ од страна на опозицијата.

Радикал во Бермуди за оваа работа вели:

По се изгледа нашиот голем лидер чувствува дека е потребно да потроши уште повеќе даночни долари за да го „подобри“ интернационалниот имиџ на Бермуди, знаете, оној кој медиумите и опозицијата го уништија.

Политикс.бм наведува долга листа со причини кој тој смета дека се причините за уништување на репутацијата на островот:

Еве еден предлог. Имиџот на Бермуди не е проблем од јавни односи, тој е проблем од јавните политики

21 Квадрат ја анализира ситуацијата во делот на транспарентност и добро владеење, велејќи:

Секоја разумна индивидуа ќе препознае дека најлесниот начин да се спречат набедувањата за корупција и злоупотреба на парламентарната процедура е да се зголеми транспарентноста на владата.

Тој продолжува:

Премиерот Броун неодамна објави дека владата на Бермуди ќе најми странска фирма за јавни односи со цел да се подобри лошиот имиџ, кој владата на Бермуди го предизвика. Додека сугестијата на премиерот Броун дека опозицијата ја злоупотребува парламентарната привилегија може да е точна, секој разумен надгледувач може да забележи дека најлесниот начин да се потврди ова е да се пренесуваат телевизиски парламентарните сесии и да се објават минутите на Хасард. Со ова ќе се покаже дали опозицијата ги злоупотребува или не парламентарните привилегии.

Вахед Мермотес, безобразно ја повторува неговата изјава:

Значи, што да правиме кога вревата околу корупцијата, лошото раководење, чувањето тајни и недостигот на одговорности, ќе стане толку голема што репутацијата на земјата ќе биде уништена? Секако, најми странска агенција за јавни односи која ќе го сврти тоа! Брилијантно!

Не го разгледувај фактот дека кабинетот веќе има голем внатрешен тим за јавни односи. Не го разгледувај фактот дека ова не ги лоцира причините за проблемите кои го предизвикуваат незадоволството помеѓу луѓето од Бермуди и нашите муштерии. Не го разгледувај фактот дека ова ќе постане вежба за подобрување на разнишаната репутација на премиерот. Всушност ова нема никаква врска со Бермуди.

Како да ја истакнува оваа поента, 21 Квадрат пишува:

Наместо да се зголеми транспарентноста и да и се овозможи на јавноста да добие повеќе доверба во нашиот лидер, она што ние го гледаме е токму спротивното. Зголемувањето на транспарентноста апсолутно би била оправдана насока со цел да се прекинат обвинувањата за корупција и злоупотреба на парламентарните привилегии. Со намалувањето на транспарентноста премиерот Броун прави се повеќе да се поставуваат прашања за довербата во него и неговите колеги, а и го зголемува кредибилитетот на нападите од опозицијата.

За крај, ИМХО.бм, во тажен напис за 14 годишно девојче кое беше пронајдено мртво, вели:

Ова е репутацијата за која премиерот Броун треба да биде повеќе загрижен. Можеби за островот ќе биде подобро да вложи пари во полицијата која се состои од само 50 луѓе, наместо да троши пари на фирма за јавни односи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.


Регион

Држави

Јазици