Кина и Хонгконг: Дизајнот на маичките за протестот на 4 јуни

Секоја година во недела пред годишнината од инцидентот на 4 јуни (плоштадот Тиананмен, 1989), луѓето во Хонгконг демонстрираат со повик за правда. Оваа година, на 20 годишнината, митингот ќе се случи на 31 мај. Освен тоа,  вечерта на 4 јуни, ќе има ноќно бдеење со свеќи каде луѓето заедно ќе се сеќаваат на оние кои ги дадоа своите животи за демократијата. Обично, организацијата домаќин, Алијансата на Хонгконг за поддршка на патриотското демократско движење во Кина, дизајнира стандардни маички за активистите. Оваа година, има некои суптилни промени, бидејќи нетизените веќе започнаа да ги дизајнираат своите маички и да ги споделуваат со другите преку онлајн платформи: како Foncept. Подолу е изборот на маичките на нетизените :

pop64

Логото го дизајнираше Кар Чун:

頂部為天安門,天安門內為“1989”,表明地點與時間;天安門與兩撇形成“六”,下部為“四”,且下部形成古漢字“囧 ”,囧在網意為:鬱悶,悲傷,無奈。原意為:光明。整個標識體現:六四事件雖然是一次失敗的運動,但在某種含義上,象徵著新一代青年追求光明,嚮往民主的思想,這一次的運動,對日後我國的民主發展有著重要的作用。

Главниот дел е плоштадот Тиананмен, означен со 1989. Тоа го прикажува времето и местото на инцидентот. Tиананмен, заедно со две вертикални црти долу го формираат кинескиот карактер „шест“, долниот дел го формира карактерот „четири“ и заедно сите го формираат стариот кинески карактер „冏“. Во денешно време карактерот „冏“ значи возвишен, меланхоличен и тажен, додека неговото оригинално значење означува сосема спротивно „светлина“. Дизајнот ја кажува пораката „иако 4 јуни не беше успешен, стана симбол за младите генерации да одат во потрага по демократска и светла иднина. Движењето е многу значајно за развојот на демократијата во Кина.“

tank

Четирите кинески карактери се: „заштита “ и „дробење до смрт’; дизајнерот вели:

八九民運六四事件當中最為無情的最為觸目的應該是一部一部的坦克車轆死中國人。。

Во 1989 демократското движење и инцидентот на 4 јуни,  најсуровата слика е тенкот кој ги дроби кинеските луѓе до смрт.

peace

Оваа е дизајнирана од Таи, креативниот дизајн ги комбинира карактерите „4 јуни“ и „мир“.

tee_template_white

Egg, од друга страна, го вметнува „4 јуни“ во превртениот карактер „сочуство“.

democracy-statue

Зи Сун го користи записот на Божицата на демократијата, која беше заеднички креирана од пекингшки студенти по уметност во 1989, по негов дизајн.

tank2

tank3

И Џоел и ЗИНГ најмногу во својот дизајн ја користат влијателната и симболична фотографија која прикажува граѓанин на Пекинг како се обидува да ги сопре тенковите да влезат на плоштадот Тиананмен со голи раце.

students

Дизајнерката Вики објаснува дека дизајнот ги претставува „студентите“, „црвената книга“ и „4 јуни“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.