The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Држава:
Кина
Тема:
Катастрофи, Животна средина, Фотографија
Јазик:
англиски
Специјално:
Олимписки игри

 

Блогерот ИстИсРед66 од Sina.com, кој по се изгледа е вработен во природниот резерват Волонг во Венчуан, Сечуан, најтешко погодената област од земјотрес кој се случи минатиот месец, од неодамна започна блог и на него објавува фотографии од осумте олимписки панди, кои некогаш живееле таму.

Овие осум панди сега се жители на Пекинг, таа пишува, откако како последица од земјотресот беа пренесени со авион во нивните нови домови во пекиншката зоолошка.

Олимписките панди во своето ново живелиште во пекиншката зоолошка

Во друг пост од минатиот месец, блогерот објавува фотографии од пандите снимени за време на земјотресот, на кои се гледа како тие се склопчени заедно од страв. Таа објавува дека две други избегале за време на земјотресот.

Оригинално напишан од Џон Кенеди

Остави одговор