Шри Ланка: Работејќи кон обединување на нацијата

26-годишната граѓанска војна во Шри Ланка остави многу белези и многу напорна задача е да се намалат тензиите во оваа мултиетничка, мултирелигиозна и мултикултурна нација и да се започне помирувањето за обединување на луѓето.

Шри Ланка долго беше поделена по етнички линии. Децата на војната пораснаа со стереотипи, омраза и поделба меѓу заедници, а сомнежот и неразбирањето се уште не им дозволуваат да ја надминат поделбата. Организација наречена Шри Ланка Обединува ја ангажира младината во Шри Ланка за да создаде добро лидерство со надеж и помирување кое еден ден ќе ја обедини нацијата. Од нивната веб-страна:

Нашата визија е „да ја обединиме младината од сите етнички и религиозни групи во Шри Ланка во движење кое промовира помирување, создавање мирна и просперитетна нација за идните генерации“. Нашата мисија е „Да бидеме симбол и пример за моќниот потенцијал на обединетите државјани на Шри Ланка да работат кон оддржлив развој, мир и просперитет“.

Шри Ланка Обединува започна да работи во 2009, градејќи мрежа од клубови во училиштата низ целата земја. Незиниот тим редовно ги посетува училиштата, организира работилници, лидерски конференции и многу други настани низ целата земја.

Помирувањето е чувствителна тема и додека многу активисти и дипломати  разговараат за ова, а активистите залудно зборуваат за проблемот во социјалните медиуми, Шри Ланка Обединува всушност прави нешто. Индраџит Самараџива пишува:

Единството во Шри Ланка (меѓу луѓето) е решението за нашите проблеми. [..] Ако точно прочитав вие имате проблем кола/коњ. Односно тагата на Тамил треба да биде прифатена пред луѓето да го прифатат единството на Шри Ланка по можност од врвот. Мојот крајно искрен одговор би бил „не можам да чекам, ајде“, но затоа јас не сум дипломат.

Сметам дека Шри Ланка Обединува го објаснува тоа подобро од мене. Тие не чекаат на колата или коњот тие ја градат обединетата Шри Ланка сега.

Блогерот додава:

Не сметам дека граѓаните на Тамил треба да ги заборават нивните проблеми. Велам дека сите од Шри Ланка треба да помогнат. Велам дека се обидувам да помогнам. Се надевам ќе ги прифатите моите коментари во тој дух. [..]

Го гледав ова видео на Шри Ланка Обединува и мислам дека сфатив што ми недостасува во,  извнете, брзањето. Извинување.

Ова е она што тие предлагаат да го кажаме, а и јас го мислам

„Безусловно, од дното на моето срце за иднината на нашата земја, без разлика дали бев дел од насилството или не, јас бев тука. Ако некој од мојата заедница те повредил. Дојди да се помириме.“

Организацијата исто така беше критикувана, на што се спротивстави претседателот на Шри Ланка Обединува, Прашан Де Висер.

On the 'School Relationship Tour' across Sri Lanka. Image courtesy Sri Lanka Unites.

На турата за училишни врски низ Шри Ланка. Фотографија од Шри Ланка Обединува.

Шри Ланка Обединува секоја година организира Конференција за идни лидери, прочитајте за овогодинешната трета конференција на нивниот блог. Овој месец Шри Ланка Обединува започна патување поврзано со училиштата и редовно се објавуваат известувања на нивниот блог. Овде е преглед од првиот дел од патувањето (разгледајте ги сликите (од овде и овде):

На 9-ти октомври во 16 часот заминавме од Коломбо кон Канди. Во Канди бевме пречекани од Хинду Културниот Центар. [..] Во Канди, го посетивме колеџот Тринити, кои беа домаќини на третата сезона од ФЛЦ, и имавме прекрасно добредојде! Исто така, го посетивме и колеџот за девојки. Дел од тимот замина во областа Курунегала каде го посетија училиштето Малијадева Модел и Ројал Интернешнал. На 11 октомври имавме работилница за областите Канди и Курунегала во холот на Хинду Културниот Центар. [..]

На 12-ти октомври заминавме во Нувараелија каде што имавме собрание во колеџот Св. Хавиер и академијата Бикон Хил, по што имавме работилница во двете училишта. Тоа беше најинтерактивната работилница и реакцијата беше одлична!

Кон Кегале заминавме на 13-ти, и ги посетивме Кегалу Видјалаја и Кегалу Балика Видјалаја. На 14-ти дел од тимот замина во Ратнапура каде беа топло пречекани од Дармапала Маха Видјалаја, а тоа е нашето единствено училиште – член во таа област. Остатокот од тимот спроведе работилница за училиштата од областа Кегале во Кегалу Балика Видјалаја. Учествуваа и од манастирот Св. Џосеф, Кегалу Видјалаја, Кегалу Балика Видјалаја и уште неколку други.

Приказните за спријателувањето на учениците од различни делови на земјата се објавени на Јутјуб. Шри Ланка Обединува е многу присутна во медиумите со нејзиниот блог, Твитер, Фејсбук страница, Фликр и Јутјуб канал.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.