Повеќе од 100,000 луѓе маршираа во Техран во понеделникот во знак на поддршка на реформистичкиот претседателски кандидат, Мир Хусеин Мусави и неговите барања за поништување на резултатите од изборите кои го прогласија за извршител на должноста претседател Махмуд Амадинеџад како победник на изборите на 12ти јуни. Маршот заврши со крвопролевање. Најмалку 7 луѓе ги загубија животите.
Според извештајот на британската телевизија Канал 4, Channel 4 television, (емитувана и покрај објавената забрана од странство) народот фрлал камења и ја запалил зградата која припаѓала на милицијата Басиџ на привремената влада. Еден полицаец со шлем на кровот пукал со својата AK-47 пушка во воздух пред да се повлече од нападите со камења. На Јутјуб има уште граѓански видео снимки од тоа како се случил овој напад:
Утрото по ова пукање, персоналот на болницата Rasool Akram во Техран демонстрираше против убивањата. Еден демонстратор држи плакат на кој пишува: „8 маченици“
Пукањата или репресијата не го сопреа целото движење на протестите, и илјадници маршираа повторно во Техран во вторникот. Бројот на демонстрациите расте и во други градови исто така. Во Шираз, протестантите прикажани во овој видео клип ја палат фотографијата на Махмуд Амадинеџад.

















abe decki,koga tolpata ke napadne vojna kasarna nisto drugo ne se ocekuva tuku odgovor od vojskata deckive epten go preteraa