The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Држава:
Унгарија
Тема:
нема

 

Доколку е тивко на Глобал Војсис во наредните неколку денови, тоа е бидејќи транспортиравме околу 80 од нашите уредници, автори и преведувачи во Будимпешта, Унгарија за самитот за слобода на изразување онлајн, граѓански медиуми и улогата на Глобал војсис во наредната година. Може да не следите во живо преку нашиот вебкаст, блог, Твитер и фотографии. Како да го направите тоа, погледнете на сајтот на самитот.

Многу блогери од Глобал Војсис, кои работеа заедно виртуелно повеќе од една година, сега се среќаваат за првпат. Ова е јавен состанок, кој привлече околу 200 учесници од сите континенти, вклучувајќи повеќе од дваесет новинари од мејнстрим медиумите. Им благодариме на сите што се тука во Будимпешта или не следат од странство.

Конференциска сала на крајот од првиот ден

Фотографија од конференциската сала на крајот од првиот ден. Фотографија од Неха Висванатан

Остави одговор