Еквадор усвои контроверзен закон за комуникации

По речиси четири години дебатирање на темата, со 108 гласа во прилог и 25 против, националното собрание на Еквадор го усвои контроверзниот закон за комуникации поттикнат од претседателот Рафаел Кореа.

Додека властите го прославуваат усвојувањето на законот, медиумските организации и опозицијата го сметаат за „замолчување“ на слободата на говор во земјата.

Законот предвидува креирање на совет за регулација на содржините „со цел создавање и имплементирање на комуникациски политики и регулирање на медиумите“, соопштува Тања Лара на блогот Centro Knight.

Според напис на DW, советот за регулација на содржините „ќе има моќ во сфери како пристап до ифнормации, содржина и временски слотови, развивање на регулации и извештаи за алокација на фреквенции, помеѓу другото. Советот ќе ја регулира содржината на медиумите која е дискриминирачка или поврзана со насилство. За медиумите што пренесуваат вакви содржини, советот ќе може да воведе санкции кои може да бидат се од јавни извинувања, па до големи парични казни.“

Законот исто така забранува „медиумско линчување“, ширење на информации „предодредени да дискредитираат некое физичко или правно лице, или пак да го намали нивниот јавен кредибилитет“. Регулативата исто дистрибуира радио и телевизиски фрекфенции, „од кои 33% резервирани за јавни медиумски операции, 33% за приватни медиумски операции и 34% за медиумски операции на заедницата.“

Foto de @PoliticaEc

Фотографија на @PoliticaEc, официјалниот профил на националниот секретаријат за менаџмент на политики – СНГП пријави од фестивалот кој се оддржа пред собранието кога законот беше изгласан

Андрез Паез (‏@andrespaezid), пратеник од опозицијата, го обележа 14ти јули 2013 – денот кога законот беше изгласан, за „ден на жалост“:

@andrespaezid: Hoy es un día fúnebre para el Ecuador. Hoy en la Asamblea Nacional se firma el acta de defunción de la libertad… http://fb.me/MNRlMYk6

@andrespaezid: Денес е ден на жалост за Еквадор. Денес, во националното собрание, беше потпишан чинот кој ја одбележа смртта на слободата… http://fb.me/MNRlMYk6

Мерси Кастро (@Mercy2ACastr), новинар, во гнев напиша:

@Mercy2ACastr: Ver al oficialismo festejando la aprobación d la #LeydeComunicación, es tan desagradable como ver a ancianos y niños mendigando en ls calles

@Mercy2ACastr: Глетката како владините органи го прославуваат изгласувањето на #LeydeComunicación [#ЗаконотЗаКомуникации] е во иста мера непријатна како сликата на постари и деца кои питаат на улиците.

Од друга страна, Изабела Букели Б. (@IsaBuchelli) реагираше на следниот начин:

@IsaBuchelli: Los que se quejan de la #LibertadDeExpresion y de la #LeydeComunicación son los que mas insultan…

@IsaBuchelli: Оние кои се жалат од #LibertadDeExpresion [#СлободатаНаГовор] и од #LeydeComunicación [#ЗаконотЗаКомуникации] се најнавредливи од сите нив…

Габриела Риваденеира (‏@gabrielaespais), претседател на националното собрание, искажа задоволство од изгласувањето на новиот закон:

@gabrielaespais: Desde hoy, l@s ecuatorian@s van a tener la voz para reclamar sus derechos que los medios monopólicos les han quitado #LeydeComunicación

@gabrielaespais: Почнувајќи од денес, граѓаните на Еквадор повторно ќе имаат глас да ги побараат своите права кои медиумските монополи им го одземаа #LeydeComunicación [#ЗаконЗаКомуникација]

Претседателот Равел Кореа одржува тензични односи со медиумите. Според Тања Лара на блогот Centro Knight:

Администрацијата на претседателот Кореа е позната по употребата на законите за клевета за тужење на новинари и долги официјални пораки кои се мешаат во програмирањето на независните медиуми, според извештајот на комитетот за заштита на новинарите.

Минатата година комитетот за заштита на новинарите го објави ова видео за „Конфронтации во Еквадор под Кореа“:

Законот, кој содржи 119 параграфи, сега треба да биде ратификуван од страна на претседателот Кореа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.