The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Држава:
Бахреин
Тема:
Кибер-активизам, Човекови права, Религија, Политика
Јазик:
англиски

 

Со политичката поделеност во Бахреин вообичаено составена од секташки групи, блогерот Махмод Ал Јосиф објави код за етика со цел да го запре ширењето на омразата онлајн.

Мохмод објаснува:

Лого за запирање на омразата онлајнЈас верувам дека со моменталната ситуација, време е да застанеме обединети против секташтвото и дискриминацијата во сите свои форми. Затоа, предложувам следниов код да се прифати и потпише од сите електронски издавачи, без разлика дали се блогери, вебмастери, модератори на форум итн. Кодот е резултат на дискусија со пријателот и новинар Ахмед Ал-Аради од Ал-Вакт, кој напиша одлична серија од написи за ситуацијата во Бахреин наречена „Креаторите на омраза“… Предложувам сите да го разгледаме следниов текст и да дојдеме до спогодба за финалниот код, кој предложувам сите да го потпишеме физички и електронски на Интернационалниот ден на блогот, кој се совпаѓа со 31 август.

Една од одредбите на која сопствениците на блогови, веб сајтови и форуми се бара да се обврзат е следнава:

Ние одбиваме било каква сугестија или пишување кои имаат секташки контекст или поттик за омраза, злоупотреба на слободата за религија, вера или верувања.

Целиот текст  на арапски и англиски може да се погледна тука.

Остави одговор